Насловна / Вести / Гринспан: Богатите земји ја користат зелената транзиција за јакнење на своите економии

Гринспан: Богатите земји ја користат зелената транзиција за јакнење на своите економии

Богатите земји ја користат зелената транзиција како изговор за јакнење на сопствените економии на сметка на економиите во развој, користејќи ги застарените правила на Светската трговска организација, изјавила генералната секретарка на Конференцијата на  Обединетите нации за трговија и развој Ребека Гринспан. „Многу трговски правила ги забрануваат политиките кои можат да ги користат земјите во развој. А развиените земји имаат повеќе фискален простор за субвенционирање во областите кои се, како што велат, добри за животната средина“, рекла Гринспан во интервјуто за Financial Times. Таа истакнала дека меѓународниот трговски систем, кој на државите како Јужна Кореја и нејзината родна Костарика им овозможил напредок, повеќе не функционираат за сиромашните. „Трговијата и инвестициите беа двата столба за земјите во развој, за вистински да тргнат по патот на динамичниот раст“, додала таа. Според нејзините зборови, земјите во развој сега се соочуваат со големи проблеми, бидејќи се исклучени од пазарот поради брзото темпо на технолошките промени и новите бариери во богатите земји. „Земјите кои се намалку дигитално подготвени, највеќе заостануваат, и тоа сериозно влијае на нивната компетитивност“, истакнала Гринспан.

grynspan1

Испрати коментар

Scroll To Top