Насловна / Вести / Германија планира изградба на два меѓународни гасоводи за „зелен“ водород

Германија планира изградба на два меѓународни гасоводи за „зелен“ водород

Операторот на системот за пренос на природен гас во Германија, Gascade и неговиот белгиски партнер Fluxys соопштија дека под Северното море ќе се постави цевовод за „зелен“ вододрод. Освен тоа, Германија се приклучува и во преоктот H2Med, со намера тој гасовод да го продолжи до својата граница. Набрзо откако заедно со Норвешка ги обелодени плановите за производство и транспорт на водород под морето заради снабдување на своите идни гасни електрани, Германија објави дека ќе учествува во изградба на два цевководи за „зелен“ водород.  Операторите на системот за пренос на гас на Германија и Белгија, го пријавија својот потфат AquaDuctus на Европската комисија, со цел добивање на статус нa проект од заеднички интерес (PCI).

Наведениот подморски гасовод ќе биде долг над 400 километри, а предвидено е да собира водород од повеќе производни погони, а исто така би бил отворен и за поврзување со други меѓународни токови на водород низ Северното море. Притоа ќе бидат поврзани ветерни електрани и погони за производство на водород со овој цевковод. Од 2035 години, овој гасовод ќе може да транспортира до еден милион тони водород годишно. За овој проект веќе е направена физибилити студија.

aquaductus1

aquaductus2

Вториот проект е најавен по средбата на германскиот канцелар Шолц и францускиот претседател Макрон во Париз. Двете држави се договориле за соработка на создавање на „европска оска во пренсоот на водород ширум Европа, вклучувајќи ја и неопходната национална и меѓународна инфраструктура за водород“. Поконкретно, соопштено е дека ќе се продолжи предложениот гасовод за „зелен“ водород H2Med до Германија и ќе ги зајакне напорите да се искористи потенцијалот на Северно море за поставување на ветерни електрани, подразбирајќи го и производството на водород. Во заедничката декларација, двајцата лидери изразилe посветеност на развојот на инфраструктурата за производство и снабдување со водород.

aquadustus3

Производството на „зелен“ водород е решение за чување на вишкот енергија од соларните електрани и ветерни паркови, но сеуште е далеку од прагот на профитабилноста. Моментално, во најголе дел водородот сеуште се произведува од фосилни горива. Но, потенцијалот на водородот како климатски неутрално гориво е огромен. Тој може да се користи во енергетиката, индустријата и сообраќајот. За да се квалификува како „зелен“, водородот мора да се произведува со користење на електрична енергија од обновливи извори. Во таа постапка, која се одвива во електролизери, водата се разложува на молекули на водород и кислород.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top