Насловна / Вести / Германија ги укинува и намалува субвенциите за plug-in hybrid и електрични возила

Германија ги укинува и намалува субвенциите за plug-in hybrid и електрични возила

Германската влада сака целосно да ги укине субвенциите за plug-in хибридните возила до крајот на годинава. Покрај тоа, ќе се преполоват субвенциите за купување на електрични автомобили. Како што објавил Frankfurter Allgemeine Zeitung,  субвенциите за plug-in hybrid возилата во износ од 4.500 евра се укинуваат, а субвенциите за електрични возила се намалуваат од 6.000 на 4.000 евра.  Една година подоцна, тие ќе се намалат на 3.000 евра.

pih2

Ваквата одлука наиде на неодобрување кај дел од јавноста, а во името на здружението на  германската автомобилска индустрија (VDA), се огласила претседателката Hildegard Müller која рекла дека потегот ќе го загрози развојот на електричната мобилност и ќе ги занемари потребите на купувачите, бидејќи plug-in хибридите служат како пионери за премин на електрична мобилност. Министерот за економија и клима Robert Habeck ја појаснил одлуката за укинувањето на субвенциите за plug-in хибридните возила, на следниот начин: “Сакаме да го изостриме фокусот на целосно електрични автомобили и повеќе да се фокусираме на заштитата на климата. Нашето мислење е дека plug-in хибридите имаат доволно купувачи и веќе не им е потребно јавно финансирање. Иако и натаму ја поддржуваме продажбата на електрични автомобили, сепак постепено ќе ги намалуваме субвенциите за нив“.  Минатата година во Германија се продадени 680.000 електрифицирани автомобили, од кои 325.000 plug-in хибриди. За субвенции владата издвоила над 3,5 милијарди евра. 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top