Насловна / Вести / Француската компанија EdF ги пласираше првите зелени обврзници за нуклеарна енергија во Европа

Француската компанија EdF ги пласираше првите зелени обврзници за нуклеарна енергија во Европа

EdF пласираше приоритени зелени обврзници за инвестиции во своите постоечки нуклеарни електрани. Рокот на доспевање е три и пол години, а каматата изнесува 3,75%. Нето приходот ќе биде искористен за рефинансирање на капиталните инвестиции во нуклеарните реактори во Франција. Во објавата на компанијата стои дека пакетот е усогласен со таксономијата на ЕУ. Прв е од ваков вид во Европа.

bonds1

 

Инаку, после жестоки расправи, ЕУ на почетокот на 2022 година, преку т.н зелена таксономија, дозволи некои нуклеарни проекти да се категоризираат како одржливи. Врз основа нa тоа, EdF ги вклучи нуклеарните централи во својата интерна рамка за зелено финансирање, а во минатиот ноември го зема и првиот зелен кредит за такви постројки. Со овие обврзници од 5-ти декември ќе се тргува на регулираниот пазар на берзата EuronextParis. Компанијата соопштила дека очекува овие хартии од вредност да имаат рејтинг BBB / Baa1 / BBB+.

bonds2

Испрати коментар

Scroll To Top