Насловна / Архитектура / Шатор во срцето на индустриски парк – кафе KÁ во Виетнам

Шатор во срцето на индустриски парк – кафе KÁ во Виетнам

Кафе Ká, проект на NKP (Nguyen Khac Phuoc) aрхитекти, се наоѓа на периферијата на виетнамскиот град Винх, во близина на големиот индустриски парк Всип, (област во постојан раст, со нови фабрики), територија која сè уште го одржува балансот  помеѓу технолошката развојна зона и руралниот карактер на местото. Тивкото село од ден на ден станува привлечно за околината поради појавата на голем број модерни фабрики, што доведува до развој на економијата.

6 5

Проектот, е своевиден архетип во облик на голем наведнат бел шатор кој од двете страни отстапува во име на надворешните тераси за социјализација на љубителите на кафе, е изграден на парцела од 8 x 20 метри, со рок на закуп од 5 години и инвестиција од близу 500 милиони виетнамски донзи, или околу 19.000 евра.

1 4 3 2

Согласно условите и контекстот за архитектите да предложат модел на кафетерија, оптимизирајќи го времето на изградба, намалувајќи ја работната сила, делумно олеснувајќи ја конструкцијата. Тимот на NKP ги разгледа и ги избра материјалите врз основа на критериумите за повторна реупотреба (на крајот од периодот на закупот на земјиштето) за да може да се користат и повторно да се состават на друго место доколку е потребно.

 

Пред влезната партија има серија челични столбови во бела боја d60 кои го поддржуваат структурното оптоварување на шаторот со двоен покрив, создавајќи ритмичка шема налик на мека транзиција наспроти крутоста на челикот како материјал. Во ентериерот главно е застапена рециклирана иверица, додека огревното дрво се користи за украсување на просторот за да се создаде попријателска и рустикална атмосфера.

7

Дизајнот јасно ги дефинира ботаничката продавница низ шема од локални растенија достапни во областа, како што се слонова трева, слоново уво, банани и бамбус, дополнувајќи ја монохроматската естетика и емитирајќи реплика на зелена оаза за бегство од метежот и вревата на градот.

8 10 9

“Кафе Ká“ носи нова перспектива и искуство во однос на локалните кафулиња: естетиката и квалитетот на просторна конфигурација во комбинација со уникатната понуда на пијалоците, обезбедува сигурна конкурентска предност на пазарот.

14 16 15

Надворешниот простор се дели на две партиции, обезбедувајќи атмосфера за рекреација и пикник кафе во природа. Покрај главната конструкција,  просторот може да се прошири со дополнителни системи на покривот од ткаенина со цел задоволување на капацитетите за флексибилно користење во иднина.

19 18 22 24 25

Ангажирањето на локални работници при изградбата на кафетеријата е исто така предност во намалувањето на трошоците за изградба. Кафето Ká е самоодржлив модел, со почит кон животната средина и со материјали што може да се рециклираат, карактеристично за проектите кон кои треба да се стремиме во иднина.

Испрати коментар

Scroll To Top