Насловна / Вести / ЕУ поддржува изградба на системи за далечинско греење во повеќе општини во Косово, со користење на енергија од обновливи извори

ЕУ поддржува изградба на системи за далечинско греење во повеќе општини во Косово, со користење на енергија од обновливи извори

Неодамна во Косово стартуваше проект за техничка помош финансиран од ЕУ, вреден 2 милиони евра, со цел подготовка на физибилити студија за системи за далечинско греење во Kосово, базирани на обновлива енергија. Студијата вклучува анализи на исплатливоста, како и оценка на влијанијата врз животната средина и социјалните импликации, и ќе ги опфати општините: Глоговац, Урошевац, Гњилане, Обилиќ, Митровица, Пеќ, Призрен и Звечан.

kosovo1

Во моментот, системите за греење во овие општини не се се соодветни за зградите за колективно домување, како и услужниот сектор, и имаат сериозно негартивно влијание врз квалитетот на воздухот и јавното здравје. Студијата ќе ги анализира можностите за користење на локални обновливи извори на енергија, како и различните расположиви технологии кои ќе обезбедат висока ефикасност и што помало негативно влијание врз животната средина. Тимот од меѓународни и национални експерти ќе ги поддржи властите во Косово да развијат планови за олеснување на реализацијата на стратешките инвестиции. Главниот извор на финансирање ќе бидат кредити од Европската Инвестициска Банка и Европската банка за обнова и развој.

kosovo3

Испрати коментар

Scroll To Top