Насловна / Архитектура / Раскошниот „женски дворец“ е еден од најубавите во Франција

Раскошниот „женски дворец“ е еден од најубавите во Франција

Станува збор за Chateau de Chenonceau сместен во долината на реката Лоара, и е еден од најпрепознатливите дворци во овој регион познат по грозјето и виното, и секако по многубројните слични зданија.

замок1

замок2

Веќе во XI- тиот век се споменува имотот Chenonceau, а во XVI- тиот и дворецот кој се простира преку реката како мост. Го подигнале најголемите ренесансни архитекти од тоа време, а денес е еден од најпосетените дворци на Франција. Прогласен е за споменик на културата, а целиот комплекс е плод на женската фантазија.  Имено, дворецот бил подарок на кралот Henry II, за љубовницата Diane de Poitiers. Токму таа изразила желба дворецот да ја минува реката и да се простира на двата брега, а околу него да се посади раскошна градина со цвеќиња. Кога кралот Henry II умрел, неговата вдовица Catherine de Medici ја протерала љубовницата од имотот, го превзела истиот и дополнително ги збогатила раскошните градини. Во нејзино време овој дворец станал познат по ноќниот живот и прославите. Интересно е дека во 1560 година, токму овде е забележана првата прослава во Франција со огномет на небото. По нејзината смрт, дворецот го превзема трета дама, сопругата на кралот Henry III. Но, таа брзо паднала во депресија по смртта на нејзиниот сопруг, па дворецот патува понатаму – повторно во рацете на една љубовница. Henry IV го подарува дворецот на својата љубовница Gabrielle d’Estrees, но откако низ генерациите се натрупувале се повеќе долгови и кавги за наследството, на крајот имотот е распродаден. Конечно, во XVIII век  купен е од страна на богаташот Claude Dupin, кој го дал на управување на неговата сопруга.  Louise Dupin била интелигентна, образована и убава жена, која во салоните на дворецот ги собирала најголемите умови на просветителството – од Волтер до Русо. Дури успеала да го спаси дворецот од уништување за време на Француската револуција, кога гладниот народ барал одмазда. Во XIX век го наследува Marguerite Pelouze, која започнува да го реставрира. Кога го преуредила, организирала неколку прослави, но поради финансиски проблеми, и таа го продала дворецот.

замок3

замок4

Денес дворецот е обновен и отворен за јавност, и може да се разгледува цел еден ден. Тешко е да се процени што е поубаво – дворецот или градините. Затоа не треба да изненадува фактот дека денес тој често е домаќин на филмски екипи, а ресторанот и салонот се резервирани со недели однапред.

замок6

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top