Насловна / Вести / ЕУ и Египет во стратешко партнерство за производство на „зелен“ водород

ЕУ и Египет во стратешко партнерство за производство на „зелен“ водород

На конференцијата COP27 во Sharm El-Sheikh, Европската унија и Египет презедоа дополнителен чекор за унапредување на својата долгорочна соработка во преминот кон „чиста“ енергија, преку воспоставување на стратешко партнерство за водород од обновливи извори на енергија и подготовка на услови за праведна енергетска транзиција во Египет. Притоа е потпишан билатерален Меморандум за разбирање, како и заедничка изјава со ЕБОР во која се најавува придонес на Европската Комисија во износ до 35 милиони евра за поддршка на египетската енергетска иницијатива Energy Wealth Initiative.

ewi1

ewi2

Меморандумот за разбирање ќе послужи како рамка за поддршка на долгорочните услови за развој на индустријата за водород од обновливи извори и трговијата со тоа гориво во ЕУ и Египет, што вклучува инфраструктура и финансирање. Со тоа се поддржува амбицијата на ЕУ до 2030 година да оствари производство од 20 милиони тони водород од обновливи извори, како што е наведено во планот REPowerEU. Меморандумот ќе ги олесни и инвестициите во обновливи извори и ќе го забрза процесот на декарбонизација во Египет. Во поширока смисла, ќе придонесе за воспоставување на рамка за пазар на решенија кои се базираат на водород. На тој пазар ќе се постапува во согласност со глобалните правила, кои вклучуваат ускладени стандарди на безбедност и заштита ан животната средина. Имплементацијата на меморандумот ќе го води координативната група за водород од ЕУ и Египет.

ewi3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top