Насловна / Арт и дизајн / Приказната зад легендарната насловна на албумот на Пинк Флојд, „Dark Side of the Moon“

Приказната зад легендарната насловна на албумот на Пинк Флојд, „Dark Side of the Moon“

Роден од спонтаност, неизвесност и животни притисоци, „Dark Side of the Moon“, осмиот студиски албум на Пинк Флојд, објавен е во 1973 година во издание на Harvest Records. Песните на албумот главно се напишани додека бендот бил на турнеја; импровизирани инструментални приказни кои подоцна ќе најдат свое упориште во текстовите на Роџер Вотерс, за кого Дејвид Гилмур, во истоимениот документарен филм од 2003 година, изјави: „Големото поместување на „Dark Side of the Moon“ беше созревањето на Роџер, текстуално, со идеи и интелигенција да земе нешто и да го согледа од сите агли, во сите овие различни песни“.

d1

Кога клавијатуристот на Пинк Флојд, Ричард Рајт го замолил графичкиот дизајнер Сторм Торгерсон да ја наслика насловната на албумот, побарал само нешто „едноставно и елегантно“. Торгерсон и неговиот тим уметници од Hipgnosis, лондонска група за уметнички дизајн, се вратиле со еден од најзначајните и највпечатливите дизајни за албум.

Светлината што минува низ призма, која Торгерсон ја видел во учебниците по физика, според публикацијата The Sound, била создадена од вистинска креативна слобода и доверба, бидејќи Флојд и Hipgnosis работеле заедно во минатото на претходниот албум на бендот, „Saucerful of Secrets“. ” Поточно, илустрацијата ја нацртал Џорџ Харди, уметник од дизајнерската група Hipgnosis.

d4

Дизајнот „Dark Side“ стана неофицијално лого на Пинк Флојд, бидејќи суптилно алудира на нивното спектакуларно светлосно шоу, по кое беа многу познати. Членовите на бендот го одобриле уметничкото дело речиси веднаш. Вотерс само предложил светлината на призмата да се прошири на другата страна на обвивката на албумот, поврзувајќи се како, на пример, на монитор што ги следи отчукувањата на срцето.

d2

Триаголниците и пирамидите се објекти на митологизирана геометрија; тоа се свети облици, кои се појавуваат некако случајно во систематизираниот хаос на самото ткаење на животот. Албумот е монументално достигнување – целосна спротивност на претензиите и површноста; едноставно постои, како сила на природата која е создадена од нужда.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top