Насловна / Вести / Ѕидови направени од автомобилски гуми, цврсти како бетон

Ѕидови направени од автомобилски гуми, цврсти како бетон

Истражувачи од Австралија направиле анализа на структурните својства на ѕидови направени од стари автомобилски гуми наполнети со земја. За да се заштити животната средина, старите гуми можат да се реупотребат за алфалтно полнење или изолација. Со децении искористените автомобилски гуми се редат во соодветни формации с еполнат со земја и се користат како бариери на мото трките. Движењето Earthship оди подалеку од оваа идеја, создавајќи потпорни ѕидови па и цели згради чии ѕидови се изградени од гуми, понекогаш исполнети со градежен шут или искршени тули.

tyres1

tyres2

Истражувачите од Универзитетот на Јужна Австралија виделе прилика во 55 милиони гуми кои во оваа земја се одлагаат во отпад секоја година. Овие 450.000 тони токсичен отпад би можеле да станат бесплатен градежен материјал за употреба во сите видови градежни проекти, доколку соодветното решени детално се разработи. Еден од коавторите на студијата смета дека недостатокот на информации за карактеристиките на овие ѕидови спречува пошироко нивно прифаќање меѓу инженерите и архитектите. Тој истакнува дека анализата укажува на исклучително јака и безбедна структура кога станува збор за овие ѕидови. За разлика од бетонските, овие ѕидови имаат способност да се вратат во првобитниот облик после удар. Истражувачите се надеваат дека податоците кои ги генерирале, како и поврзаните софтверски модели, ќе бидат користени за креирање на сертифицирани насоки за дизајн и одредби од градежните кодови со цел ад се поттикне усвојување на овие еколошки прифатливи методи за градба. Студијата е објавена во часописот Engineering Structures.

tyres3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top