Насловна / Вести / Енергетската заедница во декември ги усвојува енергетските и климатски цели за 2030 година

Енергетската заедница во декември ги усвојува енергетските и климатски цели за 2030 година

Договорните страни на Енергетската заедница, вклучувајќи ги Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Македонија, Србија и Црна Гора, конечно ќе ги добијат долгоочекуваните цели за 2030 година, во однос на обновливите извори на енергија, енергеата ефикасност и емисиите на гасови со ефект на стаклена градина. Се очекува Министерскиот совет на Енергетската заедница да ги усвои овие цели ан состанокот на 15 декември 2022 во Виена. Освен земјите од регионот, членки на Енергетската заедница се и Грузија, Молдавија и Украина.

enC1

Треба да се истакне дека првичниот рок за поставување на овие цели беше ноември 2019 година а потоа беше помесетен за средината на 2021. Сега Секретаријатот на Енергетската заедница соопштува дека се очекува одлуката која ќе биде усвоена во декември ќе ги ограничи вкупните емисии на стакленички гасови на ниво на Енергетската заедница на 427,64 милиони тони еквивалентен CO2 до 2030 година, што претставува намалување од 60,9% во однос на нивоата од 1990 година. Што се однесува до обновливите извори на енергија, Секретаријатот истакнува дека се предвидува усвоените национални цели севкупно да претставуваат цел од 31% на ниво на Енергетската заедница. Инаку, целта на ЕУ за обновливите извори на енергија до 2030 година е 32%. Со цел да се подобри енергетската ефикасност и заштедите на енергија, се очекува одлуката на Министерскиот совет да ја ограничи потрошувачката на примарна енергија на 129,88 Mtoe и финалната на 79,06 Mtoe на ниво на Енергетската заедница.

enC2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top