Double CAD XT2

cad1.jpgКога станува збор за слободен
софтвер, вообичаено не сме
навикнати да слушаме убави
зборови за бесплатните КАД
апликации. Но, во последно
време, само пофалби стигаат на
адреса на ДаблКад ИксТе. Овој
„подарок“ е дело на компанијата
ИМСИ Дизајн, позната по својот
КАД адут Турбокад.

Само колку за
информација, Турбокад е еден од
најпродаваните КАД софтвери во
САД, кој се базира на технологија
различна од онаа на Аутокад,
додека компанијата постои од 1983
година, но првобитно основана
како Микрокомпјутер Софтвер Инк.
Очигледно, ИМСИ Дизајн ја искористи
својата технологија да создаде “Autocad
like” софтвер и истиот го понуди
во две верзии: про и бесплатна
верзија. Проверзијата е всушност
2.5Д Кад софтвер кој наликува на
Аутодесковиот Аутокад Архитекчр,
додека бесплатната верзија е слична
на упростената Аутокадова 2Д верзија,
Аутокад ЛТ. Сличните на Аутокад
софтвери, како негови алтернативи
се популарни 2д КАД софтвери, а
денес нив ги има навистина многу,
пред сè благодарејќи на Интеликад и
на Интеликад Технолоџи Конзорциум.
Нивната идеја е да придобијат што
повеќе Аутокадови корисници преку
понуда, на за нив сличен и познат
софтвер, но значително поевтин.
Досега cad.jpgсите овие Аутокадови
алтернативи беа „тивки“ пред
големиот Аутокад, сè додека ИМСИ
Дизајн не го „исфрли“ ДаблКАД
ИксТе. Дали поради големината на
ИМСИ, или поради навистина нивната
увереност во квалитетите на нивното
софтверско „новороденче“, ДаблКАД
се промовира како софтвер сличен
на Аутокад, но далеку подобар од
него. Искрено, досега во моето кратко
користење на апликацијата не можев
да се сложам со таквата констатација,
но тоа е мое субјективно доживување
и без да навлегувам во детали, само
ќе посочам дека реномираниот цнет.
цом го рангира ДаблКАД ИксТе со
високи 5 ѕвездички, додека самите
корисници и даваат средни 3 ѕвездички
и над 15000 преземања само од www.
download.com за неполни 6 месеци.
Да нема забуна, сметам дека
ДаблКАД е единствениот бесплатен
КАД софтвер кој вреди да се користи.
Првата верзија на ДаблКАД ИксТе
излезе во февруари минатата
година и веднаш предизвика голем
интерес. Особено, позитивни
реакции стигнаа од бројната 3Д
заедница, која ги користи 2Д КАД
апликациите за трансформирање
на архитектонските цртежи во
подлоги за 3д моделирање. Особено
корисниците на Блендер и СкечАп
како слободни 3д апликации, видоа
голема корист од ДаблКАД. Иако
определени АИГ портали постојано
информираат за случувањата
поврзани со овој софтвер, нема
никакви индиции како тој е прифатен
кај архитектите. Интересно е да се
прочитаат мислењата на корисниците
на форумите, но и тие не се некаков
репер. Сепак, би рекол дека
оние професионалци каде КАД
софтверите се главно продукциско
орудие, како што се архитектите
на пример, не се заинтересирани
за експериментирање со некакви
бесплатни решенија. Но за останатите,
ДаблКАД е вистинско финансиско
освежување во време на криза. Пред
сè, затоа што бесплатната верзија
нуди и повеќе од 2д исцртување и
детализирање, додека Про верзијата
за само 695 долари (или ако сакате
за половина цена од Аутокад ЛТ)
нуди 2.5Д КАД апликација со која
доаѓа и Корел Дизајнер Техникал Сјут
како подарок. За тие пари, она што
се добива е навистина вистински
погодок. А што е тоа што корисниците
всушност го добиваат?

 

  • Кориснички интерфејс и начин
    на работа кој е сличен со Аутокад
    така што практично не е потребна
    обука, ниту време за совладувањето
    на процесот на работа во ДаблКАД.
  • Целосна компатибилност со
    дњг форматите, за вчитување и
    зачувување на фајловите, иако апликацијата има сопствен 2ЦД фајл
    формат.
  • Поддржани повеќе од 30 фајл
    популарни фајл формати кај Про и 9
    кај бесплатната верзија.
  • СДК /Софтвер Дивелопмент Кит/
    кај Про верзијата за креирање на
    разни рутини и алатки по мерка на
    корисниците.
  • Архитектонски елементи кои се
    целосно компатибилни со Аутокад
    Архитектчр кај Про верзијата.

 

На сите тие што ДаблКАД ИксТе
побуди голем интерес, би им порачал
да ја посетат веб страната www.
doublecad.com од каде можат
промотивно да го симнат ДаблКАД
Јуниверзал кој ги обединува Про и
бесплатната верзија. Оваа обединета
верзија функционира 15 дена
целосно без никакви лимитирања. По
истекот на овој период, Про алатките
се оневозможени, но бесплатната
верзија останува активна. За да Ви
се даде дозвола за преземање,
потребно е да се пополни стандарден
веб образец, каде меѓу другото ќе ја
наведете вашата електронска пошта
каде ќе ви бидат испратени Сериските
броеви и Активирачките кодови.
Самата инсталациона датотека
тежи околу 150 Мб. Преземањето на
верзијата ИксТе 2, во Про и бесплатна
подверзија започна во јануари
годинава и ќе трае без ограничување.
За оние што се скептични во изјавите
за користење на производителот,
би напоменал дека апликацијата е
целосно слободна за комерцијално
користење. Згора на тоа, имајте во
предвид дека зад ДаблКАД ИксТе
проектот стои сериозна софтверска
фирма која и покрај тоа што нуди
бесплатна верзија, работи напорно
на нејзино развивање, па дури и
исфрлање на нови верзии на годишно
ниво, како што прават софтверските
гиганти. Значи апликацијата има
иднина. Токму затоа, најсредчно
им ја препорачувам на оние што
купувањето на поскап софтвер им е
на терет. А еве и мало охрабрување:
за цело време на користењето
апликацијата ниту еднаш не „падна”,
ниту пак се замрзна. Надежно, нели?
За оние што многу посериозно се
навлезени во проектирачкиот бизнис,
би рекол дека треба внимателно да
проценат дали преминот кон оваа
апликација би бил позитивен, или
негативно би се одразил на работата.

 

Трајче СТОЈАНОВ,
дипл. инж. арх.

Испрати коментар

Scroll To Top