Насловна / Технологии / Новогодишни вирус закани

Новогодишни вирус закани

virus-zakani.jpgНовогодишните
празници се период на радост
и славење. Но
и на спокој.
Компаниите по теркот на
„западњачките” компании
ги спојуваат празниците
со викендите па добиваме
мини годишен одмор.

Конечно можеме да
здивнеме за момент од
работните обврски пред
повторно да се зафатиме
со нив. Ова е текст за
неделата по празниците.
Докторите вообичаено предупредуваат на внимателно
однесување за време
на празниците поради
сè почестите случаи на
прекумерено пијанство,
повреди, сообраќајки
итн. Веќе по празниците
медиумите се фокусираат
на тоа колку луѓе завршиле
на Токсикологија итн. На
интернет сè повеќе сајтови
предупредуваат дека по
празниците можеби ќе
треба да ги испратиме
и нашите компјутери на
Токсикологија. зошто?
Празниците се одличен
период за фаќање
компјутерски вируси
спакувани во електронски
честитки. Многу
компјутерски „натрапници”
маскирани во навидум
„невини” честитки, можат
да направат огромни штети
на компјутерите. Навистина,
сè побрзо растечкиот тренд
на испраќање на честитки
од ваков тип, придонесе
да добиваме и стотици
меилови од тој тип. Дел
се од наши пријатели,
бизнис партнери, колеги
или познаници. virus-zakani2.jpgДел се од
луѓе или компании кои не ги
знаеме, но тие го користат
бенефитот од интернетот
за маркетиншки да допрат
до нас. Третите се веќе
спомнатите „натрапници”
чиј мотив е најразличен, од
крадење на информации,
зезање до навистина
намерно предизвикување
штета. затоа внимателно
со електронската пошта.
Совет на реномираните
интернет сајтови е да се
отвараат само оние од
наши познати пријатели,
иако не ја исклучуваат
можноста новогодишни
меилови-вируси да се
испраќаат и од меил
адресите на нашите
познаници, кои западнале
во некаква контрола на
хакерите. Социолозите и
психолозите отсекогаш
предупредувале на
внимателност бидејќи
сè почест е случајот на
ненормално однесување
за време на празници како
Божиќ, Нова Година, Св.
Валентин, па и на некои
други датуми. Само како
пример би го зел, 26 Април
– денот на Чернобилската
катастрофа. Во ИТ
светот, посебно кај ИТ
професионалците кои
работат во делот на
компјутерска безбедност,
26 Април е денот кога низ
компјутерите се шири
разорен вирус познат како
Чернобилски вирус. Истиот
е создаден со намера
луѓето никогаш да не ја
заборават катастрофата,
преку кракирање на
нивните компјутери и тоа
само на тој ден. Оттаму
е и стравот дека во
иднина би можеле да се
појават „новогодишни”
вируси кои би биле исто,
па дури и пострашни
од Чернобилскиот. Ако
луѓето се советуваат да
бидат попретпазливи
на 26 Април, како да
се спречи отворање на
меил за новогодишните
празници кога сите сакаат
да испраќаат и добиваат
електронски честитки. Ако
се потпреме на анти вирус
програмите, можеме да
бидеме делумно безбедни.
Вирусите и антивирус
програмите си играат
мачка и глушец и се
надмудруваат, но никогаш
не можеме да кажеме
дека антивирусите 100%
не заштитуваат. Само
како информација, на
незаштитен компјутер со
интернет врска потребни
му се 30-тина секунди да
фати вирус или слично.
Кога станува збор за
домашен компјутер кој го
користиме за разонода и
работата не е така страшна,
но нашите компјутери за
професионална работа
се многу повеќе од само
средство. Со нивна помош заработуваме, преку проектирање или слично и складирање на важни
податоци проекти, финансиски
извештаи итн. Секое нивно
загрозување може да не чини многу
пари и нервоза. Многу повеќе пари
отколку пари и мерки за заштита.
затоа препорачувам:

 

1.Набавка на лиценциран
софтвер нелиценцираниот, при
самата инсталација користи
малициозен софтвер кој служи да ја
заобиколи заштитата на софтверот.
Кој Ви гарантира дека тој не прави
дополнителна штета на компјутерот?.

2.Набавка на антивирус
апликација. Иако на интернет постојат
и бесплатни антивирус апликации
кои се чини дека сосема добро си ја
вршат работата, тие се со скратени
перформанси. за поголема
сигурност побарајте антивирус кој
штити од секакви интернет напади.

3.Вршете бекап на
податоците редовно и складирајте ги
на квалитетни дискови или екстерни
харддискови. Што и да изберете, знајте
дека ништо не е вечно, па внимателно
со дисковите.

4.Избегнувајте користење
интернет на компјутерите кои ви
користат за професионална работа.

5.Избегнувајте сомнителни
сајтови и не отворајте сомнителна
електронска пошта или барем
претходно скенирајте го меилот со
анти вирус програма.

 

И да се преспијат празниците и
неделата по нив, електронската пошта
нема да си замине. Сè додека не се
отвори таа е на серверот. Кога ќе се
отвори, тогаш е на компјутерот. Ако е
вирус и ако се отвори или активира,
и да го избришете меилот мали се
шансите дека вирусот е избришан.
Кога веќе сте информирани за малку
поинаквата страна на Новогодишните
празници, можам да ви посакам
Среќна Нова Година и Божиќ.

 

Трајче Стојанов дипл.инж.арх

Испрати коментар

Scroll To Top