Насловна / Вести / Данска ја доби најголемата ветерна турбина на светот

Данска ја доби најголемата ветерна турбина на светот

Во Данска, на мрежа е приклучена најголемата ветерна турбина на светот, која ќе може да снабдува со електрична енергија 18.000 домаќинства. Ветерната турбина висока 271 метар, спаѓа меѓу највисоките самостојни градби во Данска, а се наоѓа во склоп на националниот истражувачки центар во Østerild.

denmark1

denmark2

Германскиот производител на електрична енергија од ветер, Siemens Gamesa ја стартуваше оваа турбина пред крајот на годината што измина, а проект менаџерот во компанијата рекол дека на тимот од стотина луѓе му било потребно неколку години за да ја изгради. Компанијата истакнува дека оваа турбина со само три ротации при слаба брзина на ветерот, може да наполни автомобил Tesla Model 3. Аналитичарот за ветерни турбини во Sydbank, Jacob Pederson истакнал дека капацитетот на ветерните турбини е особено важен кога станува збор за „офшор“ ветерните електрани.

denmark4

Siemens Gamesa веќе неколку години е лидер на светскиот пазар на ветерни турбини, со удел од околу 60%. Меѓутоа, неговиот конкурент Vestas, најави изградба на уште поголема турбина. Директорот за производство во Vestas рекол дека веќе имаат проектирано нова турбина која се планира да се изгради во оваа година, но без притоа да открие повеќе детали.

 

Испрати коментар

Scroll To Top