Насловна / Вести / Центар за стручно образование и обука за зелени иновации ќе се отвори во Скопје до крајот на годината

Центар за стручно образование и обука за зелени иновации ќе се отвори во Скопје до крајот на годината

До крајот на годината, во рамките на проектот GREENOVET, ќе биде отворен регионален Центар за стручно образование и обука за зелени иновации што ќе биде единствен од ваков вид во регионот, а кој се формира со тесна соработка меѓу бизнис секторот, истражувачите од универзитетските институции и центри, како и стручните училиштата. Паралелно со центарот во Скопје се отвораат и центри во регионите: Штаерска – Австрија, Васа – Финска и во Лерија – Португалија, информираат од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Во нашата земја носители на проектот се Машински факултет при Универзитот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, заедно со Сојуз на стопански комори, АСУЦ „Боро Петрушевски, Раде Кончар ТЕП и Националниот центар за развој на иновации и претприемачко учење.

greenovet1

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top