Насловна / Вести / Копач: Данокот на CO2 за Западен Балкан ќе биде воведен најдоцна до 2025 година

Копач: Данокот на CO2 за Западен Балкан ќе биде воведен најдоцна до 2025 година

Јанез Копач, директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, во пресрет на утрешниот Министерски совет на Енергетската заедница во Белград, истакнал за српските медиуми дека посебен фокус ќе биде ставен на планот за декарбонизација.  На состанокот ќе бидат усвоени повеќе директиви на Европската унија, меѓу кои најважни се оние за енергетско-климатската политика, обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност. Директивата за енергетско-климатската политика се однесува и на подготовката на националните енергетски и климатски планови (NECP).

co1

Документот за декарбонизацијата, кој исто така треба да биде усвоен на овој самит, предвидува воведување на данок за CO2 во регионот најдоцна до 2025 година. Воведувањето на данокот, според неговите зборови, е најдобриот и практично единствениот начин за свртување на економијата, енергетиката и другите сектори кон поголема употреба на обновливите извори на енергија и примена на мерките за енерегетска ефикасност. Иако тоа е данок, тоа се дополнителни приходи кои можат да се употребат за транзицијата и за финансирање на трансформацијата на регионите со јаглен, кои на долг рок мораат да најдат нови дејности со кои ќе се занимаваат, објаснил Копач на кој на 1-ви декември му истекува мандатот на оваа функција. Копач повтори дека воведувањето на овој данок на CO2 на национално ниво е подобро решение од прекуграничната такса на јаглерод диоксид (carbon border adjustn mechanism), која ЕУ ја најави за 2026 година. Во првиот случај, додал тој, средствата остануваат во земјите кои го воведуваат, а во вториот случај оди во европскиот буџет.

co2

 

Испрати коментар

Scroll To Top