Насловна / Вести / Ракопис на Ајнштајн продаден за 11,6 милиони евра

Ракопис на Ајнштајн продаден за 11,6 милиони евра

Ракопис на големиот физичар Алберт Ајнштајн, во кој тој ја подготвува својата општа теорија на релативноста, продаден е на аукција во Париз, за рекорден износ од 11,6 милиони евра. Претходните рекорди за некои негови ракописи изнесувале 2,4 милиони евра за писмо за Бог (продадено во 2018 година), и 1,39 милиони евра (2017 година) за писмо за тајната на среќата. Последниов документ продаден во Париз, првично бил проценет на вредност помеѓу два и три милиони евра. За разлика од неговите претходни рекордно продадени ракописи, овој е работен ракопис, што е посебна реткост.

FRANCE-SCIENCE-EINSTEIN-AUCTION

Станува збор за ракопис на 54 страници, создаден во 1913 и 1914 година во Цирих. Ракописите на Ајнштајн од областа ан науката од тоа време, и особено од пред 1919 година се многу ретки.

einstein2

 

Испрати коментар

Scroll To Top