Насловна / Ентериери / Бунгалов направен од мајстори на „Луј Витон“

Бунгалов направен од мајстори на „Луј Витон“

bungalov na luj viton_10
Charlotte Perriand, една од највлијателните дизајнери и архитектки на 20 век, дизајнирала во 1934 година бунгалов наречен „куќа на брегот“. Замислен како финансиски прифатливо место за одмор, проектот таа година го освоил второто место на архитектонски конкурс, но поради одредени тешкотии изграден е дури неодамна. Иронично, иако бил првично замислен како проект за одмор прифатлив за обичниот човек, на крајот беше реализиран благодарение на луксузниот бренд „Луј Витон“.

bungalov na luj viton_01 bungalov na luj viton_09Креативната директорка на „Луј Витон“ Julie de Libran била инспирирана од работата на Charlotte Perriand во создавањето на колекцијата за пролет/лето 2014, а исто така, во работата било вклучено и семејството на Charlotte Perriand, за да овој бунгалов од дведимензионална скица стане тридимензионален реализиран објект. Бунгаловот во Италија го изградиле мајстори на „Луј Витон“, а потоа бил демонтиран и префрлен на Флорида како изложбен примерок на настанот наречен Design Miami и повторно составен на плажата во близина на Raleigh Hotela.bungalov na luj viton_03 bungalov na luj viton_02 bungalov na luj viton_01

Бунгаловот е уреден според оригинални скици, а најмногу се застапени природните материјали, првенствено дрвото. Лежалките на терасата и столици во ентериерот ги дизајнирала Charlotte Perriand. И покрај модерниот изглед и нагласениот минимализам, во овој бунгалов е постигната топлината и удобноста карактеристична за куќа за одмор, што покажува дека Charlotte Perriand со своите архитектонски решенија била доста понапред од своето време.bungalov na luj viton_08 bungalov na luj viton_07 bungalov na luj viton_06 bungalov na luj viton_05 bungalov na luj viton_04

Испрати коментар

Scroll To Top