Насловна / Арт и дизајн / Промоција на белгиската стрип сцена во Велес

Промоција на белгиската стрип сцена во Велес

belgiski strip vo veles_2
Во организација на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, Амбасадата на Кралство Белгија и Општината Велес, денес со почеток во 17.30 часот во Велес ќе се одржи промоција на белгиската стрип сцена.

belgiski strip vo veles_3

Од страна на Вилием Де Грајф, директор на Белгискиот стрип центар ќе се промовира опусот  на Марк Слин, реномиран белгиски автор, поконкретно серијалот од стрипови наречен „НЕРО“. Според Томе Трајков, промотер во СЦМ, овој несекојдневен настан е продукт на долгогодишната комуникација  помеѓу двата национални стрип центри, коишто делуваат во сосема различни услови. Додека Белгискиот стрип центар делува како посебна институција во посебен објект, кај нас ситуацијата е многу поскромна. Инаку првиот чекор на соработка беше во 2011 година кога Белгискиот стрип-центар издаде една обемна презентација на стрипот на Балканот, во која ја опфати стрип-сцената во 11 земји од овој регион. Изданието носеше  наслов „Стрипот на Балканот, Балканот во стрипот“, а во него беше опфатен периодот почнувајќи од Втората светска војна. „Овој прв непосреден  контакт помеѓу двете стрип асоцијации ќе доведе до засилена меѓународна соработка на полето на „деветата уметност“, истакна Трајков.

Испрати коментар

Scroll To Top