Насловна / Вести / Бугарија конечно се откажува од нуклеарката Белене?

Бугарија конечно се откажува од нуклеарката Белене?

Бугарија најверојатно дефинитивно се откажува од изградбата на нуклеарната електрана „Белене“, но ќе работи на проширување на нуклеарната централа „Козлодуј“. Софија веќе два пати ги прекинувала и повторно ги продолжувала работите на тој проект, но сега варојатно тоа ќе биде засекогаш завршена приказна. Владата го одобри извештајот на министерката за енергетика Теменушка Петкова, која предлага изградба на нов, седми нуклеарен реактор во старата нуклеарна централа „Козлодуј“, каде ќе биде префрлена претходно купената руска опрема за Белене. Но, бугарската влада сеуште не донела дефинитивна одлука во врска со веќе купените руски нуклеарни реактори за Белене. „После изградбата на седмиот блок, ќе започнеме со изградба на осми реактор во „Козлодуј“, изјавил Бојко Борисов.

belene3

belene1

Во „Козлодуј“ сега работат само два реактори – петтиот и шестиот, бидејќи Бугарија од безбедносни причини мораше да ги затвори првите четири реактори, што беше и еден од условите за пристапување на земјата во ЕУ. Извештајот на министерката за енергетика, за новиот проект за проширување на „Козлодуј“ е направен после консултациите со претставниците на американската компанија Westinghouse. Комбинирањето на руските реактори и американска технологија, била првобитната идеја на Бугарија, а управата на нуклеарната електрана „Козлодуј“ проценила дека најмалку уште еден реактор би можел да биде пуштен во погон во рок од 10 години. За Бугарија, која е во голема мерка зависна од јаглен, проширувањето на „Козлодуј“ е единствена реална можност за исполнување на барањата на „Европскиот зелен договор“ за намалување на емисиите на јаглерод диоксид. „Козлодуј“, првата и засега единствена бугарска нуклеарна електрана, работи од 1974 година, и ја следи репутација дека обезбедува ефтина енергија и прилив на девизи од извозот на енелтрична енергија. Планот за изградба  на нуклеарната централа „Белене“, датира од осумдесетите години на минатиот век, работите започнале во 1987 година, а проектот е напуштен во 1990, по падот на социјализмот. Во 2002 година, тогашната влада повторно го активира овој проект, а во 2008 година е потпишан договор со руската компанија „Атомстројекспорт“, за изградба на два блока на нуклеарната централа. Меѓутоа, изградбата повторно е запрена во 2012 година, откако владата се обидела да ангажира и американски и европски инвеститори, и откако од руската компанија барала намалување на цената. Бугарскиот парламент во 2018 година гласал за продолжување на проектот, но процедурата привремено била повторно запрена поради пандемијата.

belene2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top