Насловна / Вести / Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

Усвоен Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање

Во Законот за просторно и урбанистичко планирање уште во 2015 година е назначено дека Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Македонија треба да предложи ценовник за урбанистички дејности кој треба да го усвои Владата.

На предлог на Собранието на Комората ОИА, Тарифникот за вредноста на работите од урбанистичко планирање беше доставен до Министерството за транспорт и врски, како надлежно министерство, кое го одобри и го достави до Владата на РС Македонија. Владата на својата седницата одржана на 12 јануари 2021 година даде согласност за Тарифникот и Одлуката за истиот е објавена во Службен весник бр. 8 од 12.1.2021 година, што значи дека од наредниот ден веќе е на сила.

3_resize

Со овој тарифник се пропишува висината на надоместоците за изработка на урбанистички планови, урбанистички проект, урбанистички проект со план за парцелација, планска програма, стручна ревизија и стручни студии и елаборати неопходни за изработка на урбанистички работи. Висината на надоместоците од Тарифникот се изразува во евра и се пресметува во денари според средниот курс на Народната банка на РСМ.

4_resize

Висината на надоместокот за извршените работи од урбанистичкото планирање се пресметува преку површината на планскиот опфат како главен показател, оптовареноста на просторот во планскиот опфат којшто ја утврдува количината на трудот како и цената на трудот на планерите изготвувачи на плановите и коефициентот на работа на лиценцираната фирма – изработувач на планот. Висината на надоместокот за изработка на планската програма и стручната ревизија е изразена како процент од вредноста на надоместокот за изработка на урбанистичкиот план и урбанистичкиот проект.

2_resize

Во Тарифникот се дадени и прилози со табели за методолошкиот пристап за утврдување на вредноста за изработка на урбанистичките планови.

Дадени се и табели со нормативи и постапка за утврдување пресметковни поени врз основа на чиј збир се утврдува вредноста за изработка, цената на планот, количината на трудот и се добива минимална и максимална цена.

1_resize

Исто така дадени се и табели со нормативи и постапка за утврдување на вредноста на стручен труд при изработка на план. Нормата за работа нa план се утврдува по единица површина – хектар, односно збирот на норма – час за еден хектар за поединечна категорија на стручни лица. Вредноста на норма час е пресметан според податоци од Државниот завод за статистика на РСМ за просечна нето-плата од 4.2020 година и изнесува 25.830 денари, а бруто изнесува 38.567 денари. Вредноста на нето-плата за урбанист-планер со овластување треба да изнесува 176 часа х 4,7 € = 827 €, за инженер без овластување 176 часа х 2,7 € = 475 € и за административец – почетник инженер 176 часа 1,7 € = 299 €.

5_resize

Цената на планската програма и стручната ревизија се изразени како % од цената на планот од 7,5 до 20 % според површината на планот. Овие вредности се додаваат на вредноста која е добиена за изработка на урбанистички план. Цената на планската програма и стручната ревизија за истиот план е иста.

Повеќе можете да видите на сајтот на КОАИ, а Тарифникот да го превземете овде.

6_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top