Насловна / Архитектура / Ментон – градот на лимоните, изгледа „како од бајка“

Ментон – градот на лимоните, изгледа „како од бајка“

Во близина на границата со Италија, на француската ривиера се наоѓа шармантното гратче со шарени згради и прекрасни плажи. Тоа е Ментон, еден од градовите во Франција кои имаат најголем број сончеви денови годишно, а излегува на море и има прекрасни песочни плажи. Уште во средината на 19-тиот век, бил препознаен од страна на богатите руски и англиски аристократи, кои овде доаѓале на одмор и терапија. Се верувало дека пријатната клима особено им одговара на оние кои се лекувале од туберкулоза. Бидејќи доаѓале често и на подолги периоди, многу богаташи овде изградиле и свои викенд куќи. Денес градот е преполн со раскошни вили и медитерански градини. На пример, Jardin Serre de la Madone, се простира на дури шест хектари, а позната е по ретките и егзотични растенија од сите страни на светот. Тука се и Jardin botanique exotique de Menton, ботаничка градина од 19-ти век, како и Fontana Rosa, изградена од шпанскиот писател Винсенте Ибањез. Секако, има уште многу други, но овие се најпознатите.

menton1

menton2

menton3

Ментон нуди можности за совршен одмор, а има и доволно содржини како што се музеи, историски важни згради, живописни улички, ресторани меѓу кои и еден со три Мишленови ѕвезди, како и свој „Фестивал на лимонот“. Лимонот е хит во Ментон, па имаат посебен вид на декорирање на садовите со делови од лимон, а фестивалот кој се одржува во средината на февруари е во целост инспириран од лимонот. Ментон долго време бил еден од главните извозници на лимони ширум Европа, па токму затоа фестивалот е посветен на ова цитрусно овошје. Ширум градот во текот на фестивалот никнуваат огромни скулптури и макети направени од лимони. Секоја година има своја тема, а досега најпопуларни биле Боливуд, Пинокио, Дизниленд, и сл.

menton5

menton7

 

Фестивалот во 1882 година го посетила и англиската кралица Викторија. Таа била воодушевена и го препорачала овој фестивал на британската елита. Подоцна, Ментон го посетувал и Винстон Черчил, кој го овековечил во своите слики (се занимавал со сликарство во слободното време). Овде е сниман и филмот Never say never again со Шон Конери. Во светските медиуми Ментон често се појавува со епитетот “бисер на Франција“, а официјалниот туристички слоган на градот е „Мојот град е градина“.

menton8

menton9

Испрати коментар

Scroll To Top