Насловна / Вести / Британски воен авион за прв пат леташе користејќи масло за јадење

Британски воен авион за прв пат леташе користејќи масло за јадење

Royal Air Force (RAF) успешно извршија пробен лет на огромниот воен транспортен авион, а како гориво било употребено само искористено масло за јадење. Во тестот е користена воената верзија на авионот Airbus A330, односно RAF Voyager, кој летал над Оксфордшир, со користење на одржливо авионско гориво (Sustainable Aviation Fuel – SAF), отворајќи нови опции за цивилните и воените авиони.

raf1

raf2

SAF се произведува од одтжливи суровини како искористено масло за јадење, а јаглеродната емисија е до 80% пониска во споредба со онаа на конвенционалното авионско гориво. Целта е да се намали зависноста на RAF од глобалните синџири на снабдување, да се зголеми оперативната отпорност и да се намали јаглеродниот отпечаток. Пробниот лет траел 90 минути.

raf3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top