Насловна / Архитектура / Алјаска: Жителите од целиот град во една зграда

Алјаска: Жителите од целиот град во една зграда

Whittier е мал град на Алјаска, прилично изолиран од остатокот од светот, а до него може да се дојде со траект или преку 4 километри долг тунел под глечерите. Сместен меѓу живописни планини, има само 200 жители и една станбена зграда од 14 ката. Тоа е поранешна касарна во која денес живеат сите жители на ова место.

алјаска1

Begich Towers

Станува збор за зградата наречена Begich Towers, која е изградена во 1974 година за време на Студената војна. Во склоп на споменатите 14 ката не се сместени само станови, туку и пошта, болница, полиција, училиште и градската управа.  Одењето на работа, за многумина значи користење единсвено на лифтот како превозно средство. Се збборува дека некои од станарите со месеци немаат потреба да излезат надвор од зградата. Дел од населението се занимава со риболов или во државните служби на траект и железничката линија.

алјаска3

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top