Насловна / Архитектура / Единствениот шарм на париските фасади

Единствениот шарм на париските фасади

Париз не е само десетици монументални градби, не е само богата историја и десет милиони жители кои живеат во главниот град на Франција. Париз е град кој плени со убавина, внимателно испланирана и одржувана, убавина на повеќе нивоа. Наполеон III ја одредил судбината на градот што сите го знаеме уште пред да отидеме таму.

DSC_1825-1

Веројатно, во секој од нас многу одамна е всадена слика на Париз како град низ неговите најпознати симболи како што се Ајфеловата кула, музејот Лувр, Триумфалната капија, Нотр Дам, Париската опера, Црквата на светото срце или мостовите на реката Сена. Толку експлоатираните симболи им станале познати дури и на луѓето кои никогаш не биле во тој град, на начин што им делува познат и близок. Сепак, според достапните податоци, тоа е град чие пошироко подрачје има над десет милиони жители кои го прават тој град она што е, а тоа е многу повеќе од неколку познати улици и згради кои се познати на сите меридијани на светот.

DSC_3303-1-2

Како глобална метропола, со голема и разновидна популација, Париз по својата природа е разновиден град, чии делови се разликуваат еден од друг, но всадената слика на Париз е јасно дефинирана преку естетиката на зградите и улиците.

DSC_2711-1

Она што денес го гледаме како централен дел на Париз е модерен град од средината на деветнаесеттиот век, кога баронот Осман (Жорж-Ежен Осман, 1809-1901) по наредба на Наполеон III, го модернизирал и трансформирал на начин кој бил непознат во дотогашната историјата на градот. Во тоа време Париз бил град на лавиринти, тесни средновековни улички, тешко проодни, со големи проблеми со канализацијата, хигиената и условите за живот. Идејата за модернизација на градот потекнува од Наполеон III, кој под влијание на животот во Лондон, кој доживеал трансформација за време на Индустриската револуција, посакал да примени сличен принцип и во главниот град на Франција, а тоа се широки авении, паркови и железнички станици.

DSC_2868-1

Со ваква урбана трансформација сè требало да циркулира, фигуративно и буквално, луѓе, воздух и пари. Барон Осман сакал права линија, со идеја дека булеварите треба да бидат прави, широки и долги. Во исто време, неговата мисија била градот да „продише“, да го унифицира јавниот простор и да го разубави, што е особено интересно бидејќи градот не е модернизиран само преку принципите на функционалност, туку идејата за модерна естетика добила значајна улога.

DSC_2848-1

Колку било тоа визионерски потег, се гледа по тоа што булеварите се толку широки што и по 150 години и понатаму се функционални, со незамислив систем на сообраќај за средината на деветнаесеттиот век. За дваесет години, направени се 70 булевари, девет мостови, изградени се 40.000 станбени згради, направени се 585 километри канализација и засадени се 80.000 дрвја. Исто така, унифицирани се и киосците, рекламните столбови, јавното осветлување, како и решетките што ги штитат дрвјата.

DSC_3509-1

Модернизмот преку бројки, споменици и улици претставува само дел од она што денес го прави Париз, кога е заборавено рушењето на градот од 17 и 18 век, најголемиот дел од импресиите за градот го прават токму зградите „османовки“ како што ги нарекуваат и ги има насекаде во центарот. Што ги прави толку интересни и модерни по повеќе од еден век?

DSC_3568-1

Зградите се унифицирани во својот волумен и основните елементи се порамнети. Влезовите, крововите, француските балкони и терасите се во линија. Османовките главно имаат шест нивоа. На приземјето има главно продавница или ресторан, на првиот кат се станови со француски балкон, на вториот кат се наоѓа долга тераса, тој кат е престижен кат каде што живееле побогатите, на третиот и четвртиот кат се станови со средна вредност без вистинска тераса, на петти кат, е исто така стан за побогати жители со голема тераса која има и функција на венец, додека на последното ниво, во мансардата, под коси покриви, станови за послуга со помалку отвори и помалку светлина.

DSC_1820-1-2

DSC_3363-1

Класичната зграда е симетрична во централната оска, има три или пет отвори, така што во средината се наоѓа еден од прозорците како и влезот во станбената зграда. Со тераси и балкони зградата е поделена хоризонтално. Типичната слика на ваква зграда се состои од неколку елементи, а тоа е крем бојата на фасадата, со поделби, со скулптури и фасадна пластика, често нагласена со рамки околу прозорците, мансарден сив кров под голема косина со кровни прозорци. Во слична боја, сива, се и оградите на терасите и балконите. Прозорците се претежно бели, со голем број на поделби на помали делови во рамки на секој прозорец. Со ова е постигната динамика на секој фасаден елемент, без разлика дали се работи за кров, фасада или прозорец.

DSC_3357-1

DSC_3631-1

Исто така, односот помеѓу темниот кров и светлата фасада, како и темните огради и светлите прозорци придонесува за динамика на фасадата. Колку тоа не било доволно се гледа во разновидноста и во квантитетот на фасадна пластика и скулптури на голем број објекти. Практично е речиси невозможно да се најде едноставна фасада без декоративни елементи. Тука се гледа желбата и посветеноста на архитектите и на тогашните инвеститори да се држат до принципите на разубавувањето на градот, со елементи кои не се есенцијални, но денес ги доживуваме како природни делови на Париз.

DSC_3071-1

И делува невозможно да се замисли дека овој град би можел да изгледа поинаку и неговиот шарм претставува спој на одлуката за модернизација, голема посветеност на деталите, јасно почитување на правилата за унифицирање на објектите, кои ги следат општите насоки и се надополнуваат.
Париз го нарекуваат и град на светлината, а пред сè тоа е град кој има интересна урбанистичка историја, која покажува колку е визијата значајна и колку е важно таа визија да биде смислена во даден момент со идеја во иднина да не биде застарена.

Текст и фото: Ѓорѓе ЈОКИЌ, дипл. инж. арх.

(Специјално за Порта 3 од Париз)

DSC_3324-1-2

DSC_3139-1

DSC_3205-1

DSC_3295-1-2

DSC_2981-1

DSC_2920-1

DSC_2836-1

DSC_2779-1

DSC_2774-1-4

DSC_2800-1

DSC_2724-1

DSC_2688-1-2

DSC_2367-1-2

DSC_2539-1-2

DSC_2245-1

DSC_2310-1

DSC_2166-1-2

DSC_1725-1-2

DSC_1723-1

DSC_1773-1

DSC_1732-1

DSC_1747-1

DSC_3673-1

DSC_3215-1-3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top