Насловна / Вести / БиХ ја добива својата прва хибридна електрана

БиХ ја добива својата прва хибридна електрана

Хибридните електрани, кои ги комбинираат соларната енергија и енергијата од ветерот, како и батерии за нивно складирање и хидроенергија, до неодамна не беа ниту во плановите на инвеститорите во регионот. Но, сега оваа ситуација забрзано се менува. Имено, во мај минатата година, најавена е електраната „Јасеновик“ во Косово, која би комбинирала фотоволтаици и ветрогенератори, а CWP Global го развива овој проект кој освен споменатите два извори на енергија ќе има и батериски систем за складирање.  Неодамна во Босна и Херцеговина, Ventus industria потпиша договор со општина Равно, за инсталирање на ветерен парк и фотоволтаици, со вкупна инсталирана моќност од  80 MW, на површина од 280 хектари кои се во сопственост на оваа локална самоуправа. Компанијата сега е во постапка на обезбедување на неопходните дозволи и согласности за овој хибриден енергетски парк кој го носи името на Руѓер Бошковиќ. Енергетскиот парк ќе се состои од 10 ветроагрегати со поединечна моќност од 6 MW и фотоволтаци со инсталирана моќност 20 MW.

hibridna1

Слични вакви хибридни проекти се во развој и во Албанија (пловечка фотоволтаична централа и ветерен парк на акумулацијата Vau i Dejes), Хрватска (фотоволтаици во склоп на постоечкиот ветерен парк „Корлат“) и Србија (реверзибилна хидроцентрала, фотоволтаици и ветерен парк – „Ѓердап 3“).

hibridna2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top