Насловна / Архитектура / Белград доби нова железничка станица (ВИДЕО)

Белград доби нова железничка станица (ВИДЕО)

Српската престолнина доби нова зграда на железничката станица Белград Центар.

Идејата за Прокоп е стара сто години. Проектот за изградба на Прокоп е усвоен во 1971 година, додека идејното решение е завршено три години подоцна. Работите започнале во октомври 1977 година. Иако тогаш е најавено дека ќе бидат завршени во 1979 година, поради лошата економска состојба во Југославија, се одолжиле и прекинати се во 1980 година. Речиси 50 години подоцна отворена е зградата на станицата – составен дел на Железничката станица Белград Центар.

00

Првите идејни решенија за белградскиот железнички јазол се појавуваат уште во 1946 година од страна на архитектите Никола Добровиќ и Владимир Марковиќ. Покрај неколкуте шински краци на Сава и Дунав, јасно се насетува позицијата на новата станица, некаде во близина на денешен Прокоп (сè уште не биле трасирани Мостарската клучка и автопатот Братство и единство).

с3

Но, со понатамошниот развој на Нов Белград, покрај Палатата СИВ и хотелот Југославија, централно место во проектите на сите архитекти/урбанисти заземала новата зграда на железничката станица на Нов Белград. Изградена е според проектот на местото каде што е сега, но без некој значаен станичен комплекс.

Повторно, вниманието се префрла на Прокоп, за чија железничка станица е изработен проект во 1974 година, потпишан од архитектите Живорад Лисичиќ и проф. Србољуб Роган. Според планот, станицата би била завршена за пет години и низ неа би поминал првиот воз во 1979 година. Поради економската стагнација, изградбата е забавена, а потоа целосно стопирана.

с

Прокоп во деведесеттите

Во текот на 90-тите и почетокот на 2000-тите, во неколку наврати е актуелизиран проектот за новата железничка станица, а овојпат проектот на разработка е доверен на Сообраќајниот институт ЦИП.

Излегле неколку варијанти на проектот, а кај секоја се појавувал истиот проблем – недостиг на средства и државен буџет и неопходна потрага по приватен партнер, со чија помош станицата конечно ќе се изгради. Со цел оваа понуда да биде што попривлечна, архитектите проектирале цела низа комерцијални содржини, кои се додадени на основната функционална структура.

08

Работите повторно се активирани во 2018 година. Откако се завршени работите на изградба и проширување на бетонската конструкција на кота 105 (седум метри над пероните) за речиси 50 илјади квадратни метри, во август 2022 година почна изградбата на новата зграда на станицата. Автор на идејното решение е Гојко Радиќ од компанијата PFB Design од Белград.

1

Во разработка на проектно – техничката документација се вклучени и фирмите BWK Engineers и Капапроект за разработка на инсталациите и архитектурата. Додека проектот за конструкција е доверен на фирмата ДЕЛ ИНГ ДОО Белград, а проектанти одговорни за армирано-бетонската конструкција се проф. д-р. Шериф Дуница, како и градежниот инженер, проф. д-р. Саша Стошиќ. Проектанти на челичната конструкција се градежните инженери Димитрије Алексиќ, и Милан Пандрц.

01

Зграда на станицата на 5.600 метри квадратни

Во Инфраструктура железници Србија веруваат дека новата зграда од околу 5.600 квадратни метри ќе ги исполни сите стандарди во патничкиот железнички сообраќај.

„Морам да напоменам дека за завршување на работата се чекаше 47 години, но беше потребно нешто повеќе од една година за да се изгради овој прекрасен објект“, вели Ненад Станисављевиќ од Инфраструктура железници.

04

Во холот на новата зграда на станицата – билетарници, информативен пулт на Туристичка организација Беград, угостителски објекти, пекара, продавница. Лифтовите и ескалаторите ги носат патниците до пероните под објектот.

Она по што станицата е единствена во светот е систем на знаковен јазик кој пружа сервисни информации. Станува збор за аватар во форма на женска особа, кој се наоѓа помеѓу таблите со сервисни информации за возниот ред, што може да се забележи на повеќе места на станицата. Матија Додовиќ, дипломиран инженер по електротехника и компјутерски науки е креатор на овој проект. Аватарот е програмиран да покажува рекламни информации, спонзори и информации за проектот, доколку моментално нема возови. Кога возовите се на станицата, аватарот покажува дека возот за одредено место е поставен на одреден колосек. Системот е активен во текот на целиот ден.

07

700 тони челик или 24 километри челични шипки

„Кога ќе влезете, не гледате систем полн со сложена опрема, туку комбиниран во еден едноставен систем кој управува не само со зградата на станицата, туку и со делот под котата 105, а од друга страна, како обични посетители и како патниците, можеме да уживаме во содржината на зградата на станицата и да го видиме инженерскиот подфат, а тоа е повеќе од 700 тони челик или 24 километри челични шипки кои се вградени во овој простор, а кој го носат кровот“, вели Иван Вујичиќ, директор на компанијата PFB Design.

nnn

Според урбанистичкиот проект, зградата на станицата Београд Центар е дел од комплекс во чии рамки ќе бидат изградени 12 деловни функционално одвоени објекти и катна гаража.

Се очекува работите да завршат во 2025 година.

02

Наткриен градски плоштад

Зградата на станицата претставува архитектонска интерпретација на наткриен градски плоштад сместен помеѓу деловни објекти кои се издигнуваат над неа.

Како што објаснуваат од Капапроект, нејзината централна функција е нагласена и визуелно истакната, создавајќи уникатен израз со објектите што ја опкружуваат.

06

„За да се постигне хармонија со околината и визуелно да се привлече набљудувачот, оваа зграда е внимателно обвиткана во брановиден плашт, која по висина ја изедначува со деловните згради на комплексот“ – велат од Капапроект.

Нова железничка клучка и идни планови

Низ Прокоп дневно минуваат 300 возови. Следната година се очекува да почне изградбата на првиот и вториот колосек, а најавена е и изградба на нов пристапен пат кој од автопатот ќе води до главниот влез на белградската железничката станица.

05

Како дел од белградскиот железнички јазол, Прокоп, со својата нова зграда на станицата, станува железнички центар на главниот град.

Секако останува да се направи пристап за возила до Прокоп од автопатот, како и да се изгради гаража за 890 автомобили.

Испрати коментар

Scroll To Top