Насловна / Вести / Минималистички стан во Москва со уреден и компактен распоред

Минималистички стан во Москва со уреден и компактен распоред

Руското архитектонско биро „Нидо“ миксувало различни волумени и неутрални песочни бои за да додаде длабочина на овој минималистички стан во Москва.

11

Станот наречен РС_Д со површина нешто над 100 квадратни метри е простран, повеќеслоен и архитектонски интересен. Овде работата со волумени максимално се манифестира во создавање различни нивоа и кружнo движењe.

01

„Проценката на сите можни животни сценарија и создавањето на погодна структура и основа беа примарни во проектот“, вели Валерија Джуба, основач и креативен директор на „Нидо“.

1

Архитектите детално го редизајнирале оригиналниот распоред, поставувајќи ја кујната во пролазниот простор на станот за лесно да и се пристапува при влегување во домот.  А од ова место содржинта се отвара кон дневната соба и трпезаријата, доведувајќи ги така во единствен простор. Движењето е конципирано на начин со кој се зачувува прометот низ главниот дел од станот, притоа обезбедувајќи приватност и визуелно јасни граници на секој од функционалните простори.

9 02

Архитектите исто така се одлучиле да ја постават дневната соба на подигната платформа во обид да создаде повеќе слоеви во внатрешноста.

Родителската спална и детската соба се наоѓаат од другата страна на станот, нудејќи му на клиентот приватен простор.

Дрвени шкафови што се користат за складирање се поставени вон видното поле по ѕидовите на ходникот.

5

Користените материјали се избрани за да го „омекнат“ уредниот и компактен распоред. Текстурите на мебелот се мазни, меки и природни со топла палета на бои – теракота и песочните нијанси се дизајнирани да потсетуваат на плажи и патувања, со светло дрво што се користи низ целиот простор.

Природната светлина влегува низ големиот прозорец на дневната соба, кој овозможува поглед кон терасата на станот.

3

„Нидо“ го дизајнирале најголемиот дел од мебелот, вклучувајќи ги скриените системи за складирање, составени во континуирани чисти блокови. Покрај шанкот од травертин поставена е клупа за самобалансирање – на конзола, без задни ногарки: дизајн заснован на историскиот контекст, лесно препознатлив како дизајните на Марсел Бројер. Генерално, формите се чисти и строги, омекнати од изборот на материјали и нивната разновидност.

03

8 05 4 04 00 10 06 7

Испрати коментар

Scroll To Top