Насловна / Ентериери / „Бел мир“ среде метежот на Истанбул

„Бел мир“ среде метежот на Истанбул

Дизајнерското студио за ентериери Ofist со седиште во Истанбул дизајнираше пентхаус на горниот кат од стогодишна историска зграда на улицата Beyoglu во Истанбул.penthaus vo istanbul_6

Овој „бел дом“ е дизајниран за британка која работи во текстилната индустрија, а која е заљубена во погледот што го овозможува пентхаусот и ужива во својот дом исполнет со светлина.penthaus vo istanbul_1

Главната цел на архитектите билa креирање на светол, отворен и свеж простор кој овозможува приватна и пријатна атмосфера наспроти метежот и вревата во овој дел од градот.

penthaus vo istanbul_3

Просторот на ентериерот во целост е реализиран со дабов паркет и бело насликани дрвени тавани како и железно врамени прозорци кои воопшто не го нарушуваат погледот кон надвор. Еден од ѕидовите е дизајниран како библиотека до таванот. Tенките, метални и спирални скали водат до терасата што се наоѓа на врвот од покривот со поглед на Златниот Рог, а тие овозможуваат пристап и до горните рафтови од библиотеката.penthaus vo istanbul_5

Металните површини на скалите се украсени со перфорирани форми на лисја и ги симболизираат лисјата на исечените дрвја, што резултираше со познатите протести во паркот Гези во Таксим, минатата година.penthaus vo istanbul_4

Архитектонско биро: Ofist/Yasemin Arpac & Sabahattin Emir

Локација: Истанбул / Турција

Тип на проект: Дизајн на ентериер / Пентхаус

Површина: 130 м2

Датум на реализација: 2015

Фото: Ali Bekman (copyright Ofist)

Испрати коментар

Scroll To Top