Насловна / Вести / Во СУГС „Орце Николов“ реализиран проект на Град Скопје и УНДП

Во СУГС „Орце Николов“ реализиран проект на Град Скопје и УНДП

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска присуствуваше на промоцијата на реализираниот проект на Град Скопје и УНДП за реконструкција на училишната зграда со мерки за енергетска ефикасност, што се одржи во средното училиште на Град Скопје „Орце Николов“.сугс орце николов

– Во СУГС „Орце Николов“ заедно со Луиза Винтон од УНДП денеска го промовираме заедничкиот проект на Град Скопје и УНДП за реконструкција на училишната зграда со мерки за енергетска ефикасност. Во ова училиште се заменети сите стари прозорци со енергетско ефикасни,  поставен е нов покрив со изолација и исто така е  поставена изолација  од внатрешна страна на надворешните ѕидови со стиропор со дебелина од 10 сантиметри. Во текот на градежниот зафат е освежена и фасадата, односно се бојадисани само циглите – 506 квадратни метри, а бојадисани се и сите грејни тела во училиштето, на коишто им се инсталирани 163 нови вентили. Со преземањето на овие мерки за енергетска ефикансност се предвидува заштеда на енергија околу 30 отсто, како и подобрување на амбиенталната температура во просториите. Целиот проект чини 3.588.057 денари, а финансиските средства за реализација на овој проект се собрани по пат на кофинансирање на  Град Скопје и УНДП, од кои Градот учествува со 2.000.000 денари, – истакна градоначалникот Трајановски.

Луиза Винтон од УНДП го изрази своето задовоство од одличната соработка со Градот и ги посочи за нив трите главни придобивки од реализацијата на овој проект, а тоа се заштедата на трошоците за греење за 30 отсто, намалувањето на емисиите на штетни гасови и создавањето на попријатни услови за учење и работа на учениците и наставниот кадар во училишниот објект, соопштија од Град Скопје.

Испрати коментар

Scroll To Top