Насловна / Вести / Фото конкурс „Балкански зелен појас 2016“

Фото конкурс „Балкански зелен појас 2016“

korab

Македонското еколошко друштво (МЕД) и Еуронатур од Германија организираат фото конкурсот на тема „Балканскиот зелен појас“. Учеството е бесплатно и сите оние кои живеат или го посетиле зелениот појас на Македонија до 30 јуни годинава можат да ги испратат своите фотографии на mkgreenbelt@mes.org.mk.

Зелен појас е мрежа која ги поврзува пограничните региони со исклучителни природни вредности сочувани долж некогашната железна завеса со цел нивна заштита. Зелениот појас минува низ 24 земји и се протега од Баренцовото Море до Црното Море. Поделен е на четири дела: Феноскандинавски, Балтички, Централно-европски и Балкански зелен појас. Во Македонија Зелениот појас ги опфаќа трите државни граници со Бугарија, Грција и Албанија.

Kozuf

Ќе бидат наградени пет фотографии. Првата награда е екскурзија во националниот парк Шварцвалд во Германија, а втората награда се состои од промотивна брошура на фотографот – биографија и фотографии од наградениот фотограф (10 примероци). Дел од наградите се и еднодневна посета на дел од зелениот појас во Македонија, како и изданија на Македонско еколошко друштво.

Сите наградени ќе добијат и платена годишна членарина во Македонското еколошко друштво и наградените фотографии ќе бидат искористени во изработката на календар за 2017 година.

osogovski planini

Наградените фотографии ќе бидат презентирани и на веб страните на
Македонското еколошко друштво www.mes.org.mk и официјалната страна на Европскиот зелен појас www. europeangreenbelt.org.

Членови на Комисијата за наградување се Методија Велевски од Природнонаучен музеј, фотографот Љубомир Стефанов, Кирил Арсов од Истражувачко друштво на студенти биолози, Јован Божиновски – ПК Љуботен и Светлана Пејовиќ – Македонско еколошко друштво.

Победниците ќе бидат објавени на крајот од јули 2016 година, на веб страната на Македонското еколошко друштво.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top