Петар Николовски
Мојата професионална ориентација е во делот на градежната физика, така што нема да навлегувам во естетиката. Меѓутоа, се подготвува законска регулатива со која мораме да ги следиме европските директиви, кои се поддршка на протоколот од Кјото за намалување на влијанието од емисиите на штетни гасови. Според тие директиви при секоја реконструкција на стари згради мора да се води сметка за енергетската ефикасност .
повеќе »
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија
Почнувајќи од 1965 година се распишани повеќе меѓународни, републички и локални архитектонско - урбанистички конкурси за уредување на централното градско подрачје на Скопје и за дефинирање и обликување на централниот градски плоштад. Многу експерти од различни области на проектирањето вложиле исклучителна позитивна енергија и достојно за почит поединечно и колективно професионално знаење, продолжувајќи го со своето творештво континуитетот на Македонската Цивилизација.
1. Дали кој било религиозен објект се изградил досега на подлога од подземна канализација, иако истата ќе се дислоцира технички?
Стоeв на Плоштад Македонија и чувствував како од левата страна на реката Вардар преку Kамениот мост во бранови ме заплискува енергија на радост. Подзамижав да видам.Од левата страна на црквата Св. Димитрија по раскошните скали од матичната зграда се спушташе млада брачна двојка. Сите ги гледаа и им се восхитуваа. Беа вљубени и среќни. Но, сега требаше да го минат лавиринтот што беше направен од зеленило од градските власти како симбол на животот. Имаше еден влез и eден излез.
Најпрво би започнал со поздрав и пофалби за иницијативата за градење и обликување на главниот град на нашата држава Скопје, како центар во кој се стационирани главните збиднувања, како главен град кој е амбасадор на нашата култура и еволуција . Неодамна во јавноста како непријатно изненадување проструи визуелизацијата за новиот редизајн на Скопје, кој како контекст на иницијативата за обновување е тотално ПОГРЕШЕН ОДГОВОР.
Дијана Мицковиќ, дипл.инж. арх
Ангел СИТНОВСКИ, дипл.инж.арх.
Не се плашам од оној што не знае, се плашам од оној што нема свест дека не знае.
Проф.Мишко Ралев, архитект