Насловна / Дневни Вести / Поголеми вложувања во екологијата планираат 70 отсто од компаниите во светот

Поголеми вложувања во екологијата планираат 70 отсто од компаниите во светот

http://www.porta3.com.mk/http://92.55.64.34/images/stories/dnevni_vesti/zastita-na-oklinata-od-mali-noze.jpgВашингтон, – Седумдесет отсто од светските претпријатија со приходи над една милијарда долари планираат во наредните две години да ги зголемат вложувањата во борбата против климатските промени, покажа денеска најновото глобално истражување.

Речиси половина од 300 раководители кои учествувале во анкетата на сметководсвено-консултанската фирма „Ернст енд Јанг“ изјавиja дека до 2012 година за заштита на животната средина ќе вложуваат меѓу 0,5 и пет отсто од приходитe.


Четворица од пет анкетирани или 82 отсто наведоа дека во наредните 12 месеци планираат да остварат вложување во енергетската ефикасност, додека 92 отсто изјавиja дека во тој период трошоците за енергенти ќе биде важен фактор при донесувањето одлуки за инвестициите.


Директорите се одлучни да преземат мерки на полето на борба против климатските промени иако велат дека тоа ќе биде предизвик  со оглед на тоа дека прописите се разликуваат од држава до држава, покажа истражувањето на „Ернст енд Јанг“. (МИА)

Испрати коментар

Scroll To Top