Во месноста Сењак 3, во Штип, по пат на јавно наддавање е продадена градежната парцела, која со последна понудена цена од 2.800 денари за квадратен метар ја купи штипското претпријатие за продажба на материјали и репроматеријали за конфекција „НИКО 2002“, чиј сопственик е бизнисменот Ацо Николовски. Земјиштето со површина од 2.237 квадратни метри е наменето за изградба на објекти за колективно домување.
Author Archives: Порта3
Feed SubscriptionЌе се градат студентски домови во Скопје, Тетово и Штип
Скопје - Премиерот Никола Греувски најави дека наскоро преку јавно-приватно партнерство ќе почне изградба на нови студентски домови во Скопје, Тетово и Штип. Постапката и подготовките се започнати, а наскоро треба да биде официјализирана и од Владата.
Jавна расправа за регулација на коритотo на Брегалница
Во Штип се одржа јавна расправа за регулација на коритото на река Брегалница. Се дискутираше по нацрт-верзијата на „Студијата за можности за регулација на коритото на река Брегалница“.Присутните дискутираа за можноста од поставувањето на мини-акумулации, брани и каскади. На јавната расправа присуствуваа над 50 заинтересирани претставници од регионот и пошироко.
Арктичкиот мраз би можел да се истопи до 2030 година
Вашингтон - Мразот на Арктикот продолжи да се топи и ова лето, иако не со така алармантна брзина како во 2007 година, предупредуваат американските научници.
Тие наведуваат дека покривката од мраз на Арктикот рекордно се намалил и дека доколку топењето прдплжи со ова темпо мразот во оваа област ќе исчезне до септември 2030 година.
Во Радовиш се гради фотонапонска централа
Радовиш - Фирмата „Алфа инжињеринг“ од Радовиш почна со изградба на фотонапонска централа, која годишно ќе произведува од 70 до 80 мегаватчасови електрична енергија, инвестиција вредна 240.000 евра.
Сопственикот на фирмата Ацо Ристов изјави дека во моментов се поставува металната конструкција над постоечкиот објект на фирмата. На покривот ќе бидат поставени 256 сончеви панели.
138
Небото над Скопје
Уживајќи во погледот на панораматана Скопје кое се гледа како надланка, во Жданец, во куќата штоархитектот Мишко Арсов преднеколку години ја проектирал какоместо за работа и дом истовремено,имате чувство дека сета тежинана градот и проблемите насекојдневното живеење ги оставатепод себе и лебдите на небото надградот, слободни како птица.
14 Европска Конференција за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија
Околу 1.000 учесници од 74 земји ширум светот направија конференцијата да прерасне од европска во
светска. Со своите презентации и дискусии тие цели пет дена разменуваа искуства и дискутираа за новите,
безбедни техники во градењето, ги анализираа оштетувањата на градбите во регионите погодени од
катастрофален земјотрес,
Магнет за посетители
Пицеријата AMATTI што се
наоѓа во новоотворениот
Супер Центар „Веро“ со
својата суптилна и непретенциозна
поставеност, претставува едно
од најквалитетните ентериерски
изведби во самиот простор. Сместен
на површина од педесетина метри
квадратни, објектот креира еден
успешен спој на функционалното и
естетското обликување, со што е добиен
пријатен и релаксирачки простор,
кој привлекува безброј посетители.
Поглед на Македонија низ хексагоните на пчелиното гнездо
Андријана САВИЌ. Дизајнот на македонскиот павилјон е инспириран од
пчелиното гнездо. Тоа е земено како мотив за претставатa
за урбан живот во природата, што кореспондира со
источната филозофска мисла за хармонија помеѓу
урбаниот живот и природната средина.
Кинеска „лекција“ по градежништво
До каде може да оди
градежната мафиозна
спрега меѓу компаниите
и локалните власти, најдобро
покажува следниот пример од
Кина. Имено, една од зградите во
елитната населба „Лотосов брег“,
сместена покрај река во градот
Шангај, се урнала уште пред да
биде вселена од станарите.
Кинеска „лекција“ по градежништво
Една од комплексот од 11 тринаесеткатници згради во елитната населба Лотосов брег, сместена покрај река во Шангај, се урнала уште пред да биде вселена од станарите. Откако ја изградиле зградата, изведувачите почнале да градат подземен паркинг. За таа цел тие направиле ископ од предната страна на длабочина од 4,6 метри.
Презентирано идејното решение за изградбата на становите од „АРМ мој вистински дом“
Скопје - Пред припадниците на АРМ денеска во присуство на министерот за одбрана Зоран Коњановски беше презентирано идејното решение во прва фаза за изградба на станови од проектот „АРМ мој вистински дом“ од страна на архитектонскиот тим од професори, асистенти и соработници од Универзитетот „Св. Кирил и Методиj“.
Првата ХЕЦ во Хрватска започна со пробна работа
Загреб - Првата хидроцентрала изградена во Хрватска од осамостојувањето денеска започна со пробно работење. Почетокот на работата го означи хрватската премиерка Јадранка Косор. Хидроцентралата Лешќе е на реката Добра, а ќе се управува далечински од хидроцентралата Гојак која се наоѓа низводно од Лешќе.
Се реконструира регионалниот пат Струмица – Дојран
Струмица – По поставувањето втор асфалтен слој на транзитната делница низ Струмица, односно на дел од булеварот „Климент Охридски“, градежното претпријатие „Пелагонија инженеринг“ продолжува со реконструкција на регионалниот пат Струмица – Дојран.
Порта3 – градежништво, архитектура и екологија Порта3 – градежништво, архитектура и екологија