Насловна / Архитектура / Парижани против Френк Гери

Парижани против Френк Гери

frenk_geri_thumb.jpg„Налик на лебдечки
облак кој надвиснува
над Париз“ – вака
славниот архитект Френк Гери
поетски го опишал своето дело
за Фондацијата „Луј Витон“.
И објаснува, додека барал
инспирација за својот проект,
движејќи се низ улиците на
Париз, се вратил низ времето,
во времето на Марсел Пруст.
Во зависност од светлината,
градбата непрекинато се
менува.

Но, оваа креација на
Гери не ја гледаат сите на овој
начин, па затоа идниот музеј
на Витон, вреден 100 милиони
долари, стигнал и на суд. Ако
пресудата биде позитивна,
можно е идниот музеј LVMH
да се сруши, иако неговото
бетонско јадро е веќе готово.
Имено, граѓаните на парискиот
кварт во близина на паркот
Jardine d’Acclimatation (северниот
дел на Булоњска шума) прво
поднеле тужба дека градбата
од 46 метри е превисока, што
било отфрлено. Меѓутоа, судот
ја земал предвид нивната следна
поплака, односно дека градбата
им го блокира јавниот премин низ
големиот парк Булоњска шума
до западниот дел на градот.

 

 

frenk_geri.jpgВо одбрана на 81-годишниот Гери, застана парискиот архитект Жан Нувел: „Вчудоневиден сум од себичноста и од незнаењето на моите сограѓани.“

 

Историјата на Париз е историја на архитектурата, а еден ден и овој музеј ќе биде прогласен за национален споменик“. Приврзаниците на Гери потсетуваат како парижаните своевремено се бореле против Ајфеловата кула, центарот Помпиду, пирамидата во Лувр…

 

И парискиот градоначалник Бетран Делано смета дека тужбата е бесмислена. А делото на Гери е од глобална важност. Но, според станарите на овој дел од Париз, паркот ќе биде уништен од натрупаниот бетон, а тие го одбрале овој кварт токму заради мирот на нивните деца. СјајНи Метали Френк Овен Гери (1929) е архитект познат по својот скулптурален пристап во архитектонскиот и градежениот дизајн. Најпознат е по зградите и објектите со големи облини честопати прекриени со сјајни метали. Негово најпознато дело и најизразит пример на неговиот стил е музејот „Гугенхајм“ во Билбао, Шпанија, кој е обложен со плочи од титаниум.

 

Френк Гери во 1951 година завршил студии по архитектура на University of Southern California, а потоа се вработил кај архитектот Виктор Груен во Лос Анџелес. Во 1956/57 година студирал урбанизам на Graduate School of Design на Харвардскиот универзитет, а веќе во 1962 година ја формирал својата фирма во Лос Анџелес. Дела и НаграДи Негови најзначајни дела се Милениумскиот парк во Чикаго, ДЗ Банката во Минхен, Американскиот центар во Париз, Дизниевата концертна сала во Лос Анџелес, Рокенрол музејот во Сиетл, кулата Гери во Хановер, Куќа која танцува во Прага… Добитник е на Прицкеровата награда во 1989 година, Златната медалја на AIA во 1999 година, Златната медалја на RIBA во 2000 година…

 

подготви: Д. БуѓеВац

Испрати коментар

Scroll To Top