Насловна / Ентериери / Арт деко стил – совршена комбинација за современ ентериер

Арт деко стил – совршена комбинација за современ ентериер

Арт деко стилот е изразито користен и е настанат во Франција пред да стане и меѓународно популарен помеѓу 1920 и 1940 година.

Сепак,  неговите детали имаа влијание и во модерниот дизајн на ентериери, особено на оние дизајнери кои сакаат да ги мешаат стиловите и со мешавина на стари и нови стилови да добијат интересен финален продукт, кој сепак е во одредена мера и дискутабилен.

1-art-deko-1

Овој стан е пример на еклектичен минималистички пристап на арт деко декорот, со бројни класични елементи паметно интерпретирани преку современи парчиња мебел и елементи.

Концептот за „Апартман на градското изгрејсонце“ кој е аплициран во овој дом, зазема површина од 147 м2 и во него е употребен доста модерен мебел со кој би се пополнил празниот простор.

2-art-deko-1

Наместо да го користи просторот за големи и пространи трпезариски и седечки гарнитури, овој простор повеќе се осврнува на уметничките дела и луксузните материјали во него, со што го одмара човечкото око.

Во отворениот простран простор каде се наоѓаат дневната соба, кујната и трпезаријата, употребена е мешавина на повеќе парчиња на модерен и класичен мебел кои извонредно се вклопуваат.

3-art-deko-1

4-art-deko-1

5-art-deko-1

6-art-deko-1

Испрати коментар

Scroll To Top