Насловна / Арт и дизајн / Најпродавани уметници во 2015

Најпродавани уметници во 2015

Порталот ArtNet објави листа на најпродавани уметници во текот на изминатата година.

Така, за најпродаван уметник во 2015 година бил прогласен Пабло Пикасо – во изминатата година на аукција биле продадени 2.800 негови дела, чија еквивалентност изнесува 652,9 милиони долари, посочува сајтот Artprice.pikaso zenite od alzir

Пабло Пикасо

Во месец мај 2015 година, делото на Пикасо „Жените од Алжир“ стана најскапо продадената на аукција слика. Цената што ја достигна делото е 161 милион долари. Делото, создадено во 1955 година било продадено на аукција во Christie’s, на наддавање коешто траело 11 минути, а инаку просечното време на аукциите за наддавање е околу 50 секунди.giacometti-pointing-man

Алберто Џакомети

US-AUCTION-ARTIST MUSE: A CURATED EVENING SALE

Амедео Модилјани

На листата на организацијата за аукции на уметност и студии – ArtNet со седиште во Њујорк, по Пикасо следат Алберто Џакомети и Амедео Модилјани, чии дела биле продадени соодветно за 251,6 милиони долари, односно за 251,1 милиони.

Britain Miro  (AP)

Хуан Миро

Во првите пет се и имињата на Хуан Миро (146 милиони) и Марк Шагал (100 милиони).golemiot kanal claudemonet

Клод Моне

Во категоријата за импресионисти и пост-импресионисти, Клод Моне го зазеде првото место на продадени дела со вкупна вредност од 338,6 милиони, а следни се од Винсент ван Гог (143,5 милиони), Едгар Дега, Пол Гоген и Пол Сезан.Andy Warhol's 'Double Elvis

Енди Ворхол

Во сегментот на повоена и современа уметност, неприкосновен лидер втора година по ред е Енди Ворхол со 525, 6 милиони долари, потоа Френсис Бекон (232,5 милиони), Сај Туомбли (223,8 милиони), Марк Ротко (219 милиони) и Лучо Фонтана (215,5 милиони).

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top