Насловна / Вести / Албанија и Црна Гора подготвуваат проект за нова електроенергетска интерконекција

Албанија и Црна Гора подготвуваат проект за нова електроенергетска интерконекција

Препознавајќи ја потребата за зголемување на капацитетот и квалитетот на прекуграничниот пренос на електрична енергија, Регулаторната управа за енергетика на Албанија (ERE), пред една година најави дека планира реконструкција на далекуводите кои таа земја ја поврзуваат со Црна Гора, како и изградба на нов интерконектор. Тие проекти се веќе и официјализирани со потпишување на меморандум помеѓу двата национални оператори на електроенергетските системи – албанскиот OST и црногорскиот CGES.

interconnection1

Еден проект с еоднесува на санација на постоечкиот интерконективен далекувод од 220kV, кој ги поврзува Вау и Дејес во Албанија со Подгорица. Има капацитет од 278MVA, а изграден е во 1972 година. Во планираната реконструкција преносниот капацитет ќе биде зголемен. Линијата е долга 160 километри. Албанската компанија соопштува дека ќе биде изградена и нова интерконекција од 110kV, од Улцињ до Велипоје, во вкупна должина од 16 километри. Со овие проекти ќе се подобри сурурноста и квалитетот во снабдувањето со електрична енергија во двете земји.

interconnection2

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top