Насловна / Вести / Европа со политички договор ја намалува потрошувачката на енергија

Европа со политички договор ја намалува потрошувачката на енергија

Советот на ЕУ и Европскиот парламент, постигнаа политички договор за измена на упатствата за енергетска ефикасност. Меѓу другото, се предвидува финалната потроувачка на енергија во ЕУ до 2030 година да биде намалена за 11,7%, во однос на потрошувачката од 2020 година.

fec1

Земјите членки треба заеднички да постигнат ограничување на потрошувачката на финална енергија (енергијата која ја трошат крајните потрошувачи), додека целите за потрошувачката на примарна енергија ќе бидат индикативни. Според договорот, сите држави членки ќе мора да придонесат за остварување на заедничката цел на ЕУ, односно да постапуваат согласно целите наведени во Националните енергетски и климатски планови (NECP).

fec2

Европската комисија ќе го контролира планираниот придонес со цел намалување на потрошувачката за 11,7%. Ако не се усогласени, ќе се направат потребните дополнителни корекции за државните продонеси кои ќе бидат помали, со тоа што ќе се применува формула на Европската комисија. Меѓу дригото, ќе се земаат во предвид енергетскиот интензитет, БДП по жител, развојот на обновливите извори на енергија и сл. Советот на ЕУ и Парламентот се договориле за постепено зголемување на заштедата на енергија на годишно ниво во финалната потрошувачка во периодот од 2024 до 2030 година.

 

 

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top