Насловна / Вести / Донесен Акциски план за Зелената агенда за Западен Балкан

Донесен Акциски план за Зелената агенда за Западен Балкан

На самитот со лидерите на земјите од Западен Балкан, одржан во Словенија, ЕУ потврди дека тие ќе добијат 9 милијарди евра неповратни средства и 20 милијарди евра инвестиции. Постигнат е договор за Акциски план за Зелената агенда, која се однесува на реформите насочени кон климатската акција, контрола на загадувањето, заштита на природата и биодизверзитетот и регионална интеграција, а во индикативна временска рамка за хармонизација со Системот на ЕУ за тргување со емисии, зададена е 2024 година.

green agenda2

Речиси една година по потпишувањето на Софиската декларација, шефовите на држави и влади од Западен Балкан постигнаа договор со Европската унија за спроведување на Акцискиот план за Зелената агенда, што им отвора пат кон реализација на Економскиот и инвестициски план за регионот вреден 30 милијарди евра. Се обврзаа во центарот на сите економски активности да го стават одржливиот развој, ефикасното користење на ресурсите, заштитата на природата и климатската акција, и да се ускладат со целите на ЕУ. Советот за регионална соработка (RCC) е задолжен за координација при изработката на документите. Во Акцискиот план за периодот до 2030 година, најважни сегменти се наплата на емисиите на гасови со ефект на стаклена градина, плановите за постепено напуштање на користењето на јагленот, регионалните интеграции, контрола на загадувањето и заштитата на животната средина.

green agenda1

 

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top