Насловна / Вести / Австрија воведува еко данок, но и климатски бонус

Австрија воведува еко данок, но и климатски бонус

Австрија го претстави најавуваниот еколошки данок, кој ќе се применува од почетокот на наредната година, а според кој секој граѓанин ќе биде оданочен со 30 евра по генериран тон на јаглероден диоксид. Тој данок ќе се почувствува преку цените на стоките и услугите. Данокот е проектирано да порасне до 55 евра во 2025 година.  Во Австрија се смета дека емисиите по жител изнесуваат 7,6 тони годишно.

austria1

Но, освен споменатиот данок, секој граѓанин ќе добие и годишно рефундирање на средства во вид на т.н „климатски бонус“, во зависност од тоа дали живее во град (100 евра) или на село (200 евра). Децата имаат право на половина од надоместокот кој го добиваат нивните родители. Вицеканцеларот Werner Kogler, го нарекол овој потег историски, бидејќи се работи за поинаков начин на размислување во однос на загадувачите.  Зелените сметаат дека еко данокот треба да биде повисок, дури и до 100 евра по тон јаглерод диоксид.

austria3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top