Насловна / Архитектура / Zoomlion во Кина нова ера на интелигентна, дигитална и зелена градба

Zoomlion во Кина нова ера на интелигентна, дигитална и зелена градба

HENN е архитектонско биро на трета генерација со преку 70 години искуство во проектирање деловни објекти, објекти за  образование, наука и истражувања, здравство, автомобилизам и култура. Бирото со канцеларии во во Минхен, Берлин и Пекинг започна со изградба на ново седиште на кинескиот производител на градежни и земјоделски машини Zoomlion Heavy Industry Science and Technology во Чангша, Кина.

3_resize

Наречено Zoomlion Headquarters, седиштето на 311.000 квадратни метри ќе содржи канцеларии, музеј Zoomlion, центар за податоци, ресторан, области за обука и истражување и спортски објекти. Новото седиште на Zoomlion ќе биде срцето на Smart Industry City и е планирано да биде завршено во 2023 година.

1_resize

Новиот индустриски парк ќе поттикне иновации во областа на градежното инженерство и ќе воведе нова ера на интелигентна, дигитална и зелена градба.

Геометрискиот дизајн на HENN е заснован на производните потреби на клиентот, нудејќи чувствителност на неговиот рурален контекст; седиштето се вклопува во ридскиот и густо пошумениот зелен коридор на Чангша.

6_resize

Новата зграда ќе биде направена од бел бетон, додека базисот ќе делува како „фасетиран пејзаж од зелени падини и скали за пешачење“.

Оваа новосоздадена рамнина поминува низ неправилен пад на теренот и се протега преку прометен автопат за да создаде беспрекорни врски помеѓу северната и јужната страна на локацијата.

P:1522_Zoomlion90_UserCPNorth20201105_NP colored masterplan

На горниот дел, архитектите создава аголен волумен обвиткан во проѕирно стакло од подот до плафонот и конзоли 12 метри над локацијата, изгледа како да лебдат над преклопениот камен пејзаж.

2_resize

„Го проектиравме седиштето на Zoomlion како огромен, клесан камен кој лебди над неговата природна околина. Внатре во зградата, атриумот во форма на Z, преплавен со светлина, нуди голем и мултифункционален простор за заедницата на компанијата и нејзините тимови“, рече Хуа Киао, водач на проектот.

4_resize

Пространото и многу осветлено јадро кое содржи атриум во форма на Z ќе служи и како изложбен простор и како простор за собирање на вработените.

Длабочината и шарите на касетираната таваница добиени се со интензивна соларна анализа  и ја одразуваат аголната геометрија на дизајнот.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top