Насловна / Вести / „Железничка револуција“: Возовите како алтернатива за авионите

„Железничка револуција“: Возовите како алтернатива за авионите

Земјите на Европската унија постигнале договор за тесна соработка во областа на шинскиот сообраќај. Железницата треба да стане „привлечна алтернатива“ и за оддалечност на која досега не беше вистинска конкуренција на авио сообраќајот. Ресорните министри од министерствата за сообраќај и инфраструктура соопштуваат дека сакаат да направат стратегија за меѓународниот патнички шински сообраќај со користење на постоечките инструменти на ЕУ, а тоа сеопфатно го вклучува и „Зелениот план“, пишува Euractiv. Договорот го потпишале сите земји на ЕУ, со исклучок на островските земји Малта и Кипар, и сегашниот претседавач на Советот на ЕУ – Хрватска. Кон оваа декларација се приклучиле и Швајцарија и Норвешка, иако не се членки на ЕУ. Во заедничкото писмо упатено до европската комесарка за сообраќај Адина Валеан, потписниците на декларацијата оцениле дека меѓународниот патнички шински сообраќај во овој момент не го остварува својот потенцијал во рамките на ЕУ, и дека националните железнички пазари се далеку поразвиени.

rail1

Министрите укажале и на климатската неутралност, како еден од целите на Зелениот план, на растечките штетни гасови во сообраќајот и на намерата на Европската Комисија ја ја прогласи 2021 година за година на шинскиот сообраќај. Сето тоа, како што велат, е добар повод за унапредување на меѓународниот шински сообраќај. Новата стратегија би требало да пружи правна рамка за тоа „како железницата да стане атрактивна и за растојанија за кои во моментот не е атрактивна“. Целта на министрите е во рок од една година да постигнат согласност и за временскиот распоред и за поединечните етапни цели. Проблемите, како што се системите за продажба на билети во различни земји и со различни оператори на железничкиот сообраќај, би требало да бидат надминати со помош на дигитални решенија, се наведува во писмото. Во писмото се истакнува дека меѓународниот железнички сообраќај би можел да го зголеми бројот на патници на растојанија од 300 до 800 километри. Иако тоа не е експлицитно наведено, во писмото се укажува дека железницата може да се бори со авионскиот сообраќај на кратки линии до 1000 километри. Истражувањата покажуваат дека и кај патниците расте толеранцијата кон подолгите патувања. Студијата на швајцарската мултинационална инвестициска банка UBS покажала дека деловните луѓе се согласуваат на патувања кои траат до четири часа, додека оние кои патуваат заради рекреативни причини се согласни да патуваат до шест часа. Во анализата како пример е наведена меѓународната линија Париз – Лондон, на која железницата победила во преференциите над авио превозот. Се очекува популарноста на железницата да расте во наредните години, делумно и заради влијанието на корона вирусот. Истовремено, авио превозниците велат дека ќе поминат најмалку три години за опоравок на авионскиот сообраќај и враќање на нивото од пред пандемијата. Но, на ситуацијата во сообраќајот би можело да влијаат и државните интервенции. Во рамките на пекетот за помош на националната компанија Air France, од седум милијарди евра, француската влада ја обврз акомпанијата да редуцира одредени линии во внатрешниот сообраќај. Ова секако и дава шанса на државната железничка компанија  SNCF dда превземе и да инвестира во одредени нови линии.

train2

Но за посерозна „железничка револуција“ во ЕУ сепак и натаму постојат повеќе препреки, како што се финансирањето на скапата инфраструктура и набавката на нови локомотиви и композиции. Според последниот нацрт на буџетот на ЕУ, во фондот за финансирање на паневропската инфраструктура и транспорт Connecting Europe – CEF, во наредните седум години би требало да се уплатат дополнителни 1,5 милијарди евра.  Фондот за обнова на економијата на ЕУ после пандемијата, вреден 750 милијарди евра, воопшто не предвидува средства директно наменети за железницата.

train3

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top