Насловна / Архитектура / Награди на ЦИВИК ТРАСТ за 2020 година

Награди на ЦИВИК ТРАСТ за 2020 година

Музеј, џамија, повеќенаменски центар и опера

Во услови кога вниманието на светската јавност е посветено на пандемијата на Ковид-19 годинава прогласувањето на овогодишните добитници на 61. по ред Награди Цивик Траст (Civic Trust Awards) одржано во просториите на Севернииот империјален музеј на војната (Imperial War Museum North) во Манчестер на 6.3.2020 помина веројатно не толку забележително како во претходните години.  Оваа година биле поднесени 250 проекти од Обединетото Кралство, Република Ирска, САД, Австралија, Јужна Кореа, Џерси, Кина, Канада, Данска и Германија што укажува за широкиот географски опсег на наградата. Од овие 250 поднесени објекти 101 биле препратени од  регионалите оценувачи на Националниот панел за жирирање.

2020_logo_500_449_80_resize

Од овие, во зависност од изворот 49 или 58 биле наградени, а четири од нив се стекнале и со специјални награди, и тоа:

1.Виндермир музејот на пристанишниот мост (Windermere Jetty Museum) на Кармоди Гроарк (Carmody Groarke) добитник на Специјалната награда на националниот панел (National Panel Award),

139_Carmody_Groarke_Windemere_Jetty_Christian_Richter_02_resize

2.Изворот на светлина (Beacon of Light) на Фокнер Браун Архитектс (Faulkner Browns Architects) добитник на Специјалната награда за придонес кон заедницата и вклученост (Special Award for Community Impact and Engagement),

FaulknerBrowns 9._beacon_of_light_-_faulknerbrowns_architects_-_richard_chivers__scheme-lightbox_800_524_80_resize 3._beacon_of_light_-_faulknerbrowns_architects_-_richard_chivers__scheme-lightbox_750_600_80_resize

3.Централната џамија во Кембриџ (Cambridge Central Mosque) на Маркс Барфилд Архитектс (Marks Barfield Architects) добитник на Специјалната награда за одржливост (Special Award for Sustainability)

2MP_MarksBarfield-CambridgeMosque - 9_resize morley_von_sternberg_1094_view_from_street__scheme-lightbox_800_533_80_resize 2MP_MarksBarfield-CambridgeMosque - 6_resize morley_von_sternberg_9177_islamic_garden,_fountain__front_portico__scheme-lightbox_800_533_80_resize

4.Кралската оперска куќа „Опен уп“ (Royal Opera House ‘Open Up’) на Стантон Вилијамс (Stanton Williams) добитник на Специјалната награда Мајкл Миделтон (Michael Middleton Special Award) за исклучителен проект во доменот на градителското наследство (переку обнова на постоечки или пак преку нов објект во заштитена средина на градителско наследство.

16568156342_91801984da_b_resize image-asset_resize Royal-Opera-House_Paul-Hamlyn-Hall_02_resize roh_16__scheme-lightbox_800_456_80_resize

Добитникот на Специјалната награда на националниот панел, Виндермир музејот на пристанишниот мост на Кармоди Гроарк, се наоѓа на брегот на најголемото природно езеро во Англија, Виндермир, лоцирано во рамките на Националниот парк „Езерска област“ (Lake District National Park).  Изградбата на новиот музеј овозможила да се создадат подобри услови за излагање на интернационално значајната колекција на чамци.  Меѓу другото, ова езерото е познато и според постигнатите светски рекорди за брзина на вода од страна на Сер Хенри Сигрејв (Sir Henry Segrave) во 1930 година и на Норман Бакли (Norman Buckley) во 1950-те години.

139_Carmody_Groarke_Windemere_Jetty_Christian_Richter_01_resize

Станува збор за музејски комплекс со акцент врз пејзажно обработените парковски простории помеѓу објектите, организиран околу малите пристаништа преку кои езерото не само што е донесено во центарот на комплескот, туку и коишто овозможуваат добар дел од колекцијата на чамци да се изложи во нивниот вообичаен амбиент – езерските води. Преку ваквиот пристап авторите создале врска помеѓу луѓето, чамците и водата. Дополнително, три нови дрвени пристанишни мостови се проектираат во езерото привлекувајќи ги оние коишто користат чамец да дојдат во посета на музејскиот комплекс. Тие исто така овозможуваат и пристап за посетителите коишто доаѓаат во рамките на езерските тури со брод.  Пејзажното уредување на меѓупросторите е со акцент на природното опкружување на музејските објекти со примена на локални материјали како отпадоците, парчиња од шкрилец и езерски агрегат во комбинација со дрва и трска, како и дива трева и цвеќиња.

04_permanent_collection_within_the_main_exhibition_gallery_christian_richters__scheme-lightbox_800_533_80_resize

Самостојниот објект на конзерваторската работилница на чамци е лоциран поблиску до нивото на езерската вода во рамките на работилницата за чамци на отворено. За разлика од ова другите објекти во коишто е сместен влезот, конзерваторските галерии, едукативниот простор и кафетеријата се поставени искачени на платформа (подиум) којшто се издига над нивото на очекуваните води. Архитектонското обликување на објектите е инспирирано и се надоврзува на локалната градежна типологија и на традиционалната архитектура на земјоделски и индустриски објекти во Езерската област.  И покрај едноставната и фамилијарната форма на објектите истите се дистинктивни преку своите кровови чиишто исклучително длабоки стреи ги штитат надворешните простории од атмосферските влијанија овозможувајќи проширување на внатрешните простори кон надвор.

06_drone_shot_of_museum_and_jetties_hufton_and_crow_3__scheme-lightbox_800_442_80_resize

Внатрешната организација на објектите се карактеризира со централно поставена голема просторија со поглед кон езерото и помошни простории од едната страна и голема натстрешница од другата страна. Ова овозможило објектот да се заврши со симетрично поставен двоводен кров. Дрвото доминира во внатрешната обработка на објектите додека истите надворешно се обработени со профилирани панели од оксидиран бакар прицврстени со бронзени шрафови. Преоксидираните профилирани панели од бакар не само што даваат исклучителна текстура на надворешноста на објектот одблиску туку и ја нагласуваат силуетата на поединечните објекти и на комплексот од подалеку, а коишто се видливи и пристапни од сите страни.  Како контраст на овие големи надворешни метални површини се јавуваат и големи отвори или како прозорци или пак како врати, при што големината на вратите го олеснува внесувањето и изнесувањето на чамците.

05_view_out_to_windermere_from_the_wet_dock_christian_richters__scheme-lightbox_401_600_80_resize

При планирањето, проектирањето и изградбата на објектот се водело значителна сметка комплексот да биде пристапен во најголема можна мерка, за изградената средина да не создаде пречки за креативноста, партиципацијата, учењето и вклученоста во активностите. Ова било промовирано преку назначувањето на шампион за пристапност којшто се јавил како врска помеѓу тимот задолжен за реализација на проектот и локалните групи за пристапност, а со цел преку процесот на консултација во најраните фази на проектот да се формулираат програмските барања во однос на пристапност во рамките на комплексот.

03_view_from_main_entrance_towards_conservation_workshop_christian_richters__scheme-lightbox_800_533_80_resize

Дополнително вклученоста на локалната заедница од самиот почеток на проектот одиграла клучна улога во оформувањето на проектот вклучително со селекцијата на проектантскиот тим. Според вообичаената пракса за реализација на објекти од овој вид, очекувањата се новиот објект да придонесе и за доброто на локалната заедница. Во овој случај се проценува дека реализацијата на проектот овозможила директно или индиректно, или да се отворат или да се сочуваат околу 94 работни места.  Дополнително, преку изградбата на комплексот отворени се можности за обука и за стручна едукација преку работен ангажман во доменот на конзервацијата на чамци.

Според жирито станува збор за прекрасен, детален, робустен, но усогласен објект кој претставува одлично дополнување на езерото: Дополнелно, за жирито „тоа е исклучителен објект и оставнина за сите оние вклчени во проектот“.

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top