Насловна / Вести / Желбата на инвеститорот беше да се создаде стан којшто ќе биде динамичен

Желбата на инвеститорот беше да се создаде стан којшто ќе биде динамичен

Станот ентериерно уреден од тимот архитекти на Биро Проект е трособен со специфична дневна соба која се развива по должина и две спални соби со директен влез од дневниот престој. Северната ориентација и длабочината на просторот создаваа недоволно пријатен и топол простор и покрај прекрасниот поглед на градот Скопје. Идејата и желбите на инвеститорот беа да се создаде стан кој ќе биде динамичен, нема да биде монотон, а сè тоа со примена на современи материјали и техники.

SRP_7819_resize

Концептот на решавање на просторот на проектантскиот тим на Биро Проект е користење вертикални линиски елементи, со кои се одделуваат содржините со различна намена, користење различни материјали и бои, и сè тоа компонирано заедно претставува една логична и хармонична целина. Колоритот диктиран од постоечкиот паркет нè донесе до основната палета на бои,  топли окер, жолтеникави нијанси со контрасно виолетови тонови. Акценти од зеленилото, принтот на ѕидот и останатите декори кои треба да се појават на полиците ќе го дооблагородат просторот, ќе му дадат печат на дом и препознатлив белег на неговите станари.

SRP_7822_resize

Организацијата на дневниот престој е логична и недвосмислена, реализирана со аголна гарнитура за седење во кафена боја и окер-жолта фотелја поставена веднаш покрај стаклениот ѕид од под до таван. Приоритет е убавиот поглед кон градот, кој е овозможен од сите места за седење. Светлината од вратата и прозорецот преку белата боја на плафон и содржините на ѕидот ги спојува влезот на станот со делот за седење, притоа задржувајќи го фокусот со содржините кои се редат, зеленилото, принтот, делот со комодата, ТВ и ѕидниот часовник.

SRP_7823_resize

Трпезарискиот дел е централно поставен дефиниран со линиски елементи кои се поставени слободно во просторот, па продолжуваат на плафонот и завршуваат во делот со кујната. Идејата е да се создаде еден засебен дел, кој е дефиниран со колоритот, применетите материјали, амбиентот, доловен со техниката на ѕидот и светлината, која доаѓа од висечките лустери со дизајн на крива линија, која впечатливо се оцртува во амбиентот. Кујната е отворена и директно поврзана преку шанк со делот за собирање на семејството, трпезаријата. Со користењето на дрвениот декор и антрацитот кујната станува логичен завршеток на оваа целина со трпезаријата.

SRP_7824_resize

Желбите и идеите на корисниците на собите го дефинираа дизајнот на останатите приватни простори во овој дом. Родителската соба е отмена со сивкасти и темни тонови со цел да го зголеми контрастот на делот од каде што доаѓа природната светлина. Белата боја на ѕидот  со отворите на фасада, скриеното светло и белата боја на плафонот го дефинираат изворот на светлина, во оваа соба нема висечки светла.

SRP_7827_resize

Другата соба е дефинирана како комбинација на работна соба и соба за спиење. Во нишата на собата, под прозорецот поставена е по цела должина бела работна маса. Целата соба е мошне светла, обоена бело. Ѕидовите се декорирани со украсни лајсни. На тој начин се создаваат рамки во кои се поставени текстури и принтови. Амбиентот е еден вид спој на класични елементи и современи материјали.

SRP_7835_resize

Голема благодарност до инвеститорот кој со својата смиреност и разбирање ни дозволи да реализираме идеи и замисли во креирање убав, функционален и пријатен дом.

Автор: Биро Проект

SRP_7855_resize

SRP_7832_resize

SRP_7833_resize

SRP_7844_resize

SRP_7846_resize

SRP_7848_resize

SRP_7850_resize

SRP_7860_resize

SRP_7861_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top