Насловна / Арт и дизајн / Почина уметникот Дмитриј Врубел, автор на култниот мурал на Берлинскиот ѕид

Почина уметникот Дмитриј Врубел, автор на култниот мурал на Берлинскиот ѕид

Рускиот сликар Дмитриј Врубел, кој го наслика светски познатиот мурал на Берлинскиот ѕид, познат како „Бакнеж“, кој стана симбол на крајот на Студената војна, почина на 63-годишна возраст од компликации предизвикани од ковид инфекција.

Дмитриј Врубел е роден во Москва, а живеел во Берлин од 2010 година. Неговото најзначајно дело е графитот на остатокот од ѕидот со наслов „Боже мој, помогни ми да ја преживеам оваа смртоносна љубов“, прикажувајќи бакнеж меѓу советскиот лидер Леонид Брежњев и Ерих Хонекер, кој ја предводеше поранешната Источна Германија. Муралот е инспириран од фотографија од нивната официјална средба.

Berlin, East Side Gallery

Графитот е насликан во 1990 година, само неколку месеци по падот на ѕидот, а германското обединување се случи на крајот на годината.

„Многу години го живеев мојот приватен живот, додека сликата го живееше својот живот“, рекол Врубел во интервју во 2014 година. „На почетокот на двеилјадитите, луѓето почнаа да носат сувенири од Берлин – магнети, шолји и слично со „Бакнежот“ на нив, кои сега се продаваа не само во Галеријата, туку и низ целиот град“.

Уметничкото дело беше уништено во 2009 година кога властите во Берлин вршеа реновирање. Ова го вознемирило Врубел, кој потоа насликал нова верзија на „Бакнежот“, на молба на Галерија од источната страна го обновил познатиот мурал.

Wrubel_Bruderkuss_neu_resize

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top