Насловна / Архитектура / Згради без прозорци: Потсетник на времето кога се плаќал данок на дневна светлина и свеж воздух

Згради без прозорци: Потсетник на времето кога се плаќал данок на дневна светлина и свеж воздух

Низ улиците на Велика Британија, сеуште можат да се видат заѕидани прозорци, па изгледа како на секој кат објектот да има по еден вистински и еден „лажен“ прозорец. Но, тој „лажен“, некогаш бил функционален прозорец. Она што е денес видливо, е последица на историскиот „данок на прозорци“ воведен во 1696 година за време на Вилијам III. Надлежните сметале дека оние кои живеат во големи куќи треба да плаќаат поголем данок, па вовеле „данок на светлина и воздух“.

light1

light2

 

Народот ова брзо го прекрстил во „грабеж на дневната светлина“. Но, овој вид на данок не само што заживеал, туку и растел со текот на годините. Во периодот од 1747 до 1808 година неговата вредност с епокачила шест пати. Единствен начин на кој ожело да се избегне плаќање на данокот – заѕидување ан прозорците.  Ова ги погодило стакларите ширум земјата, Иако пазарот на недвижности бил во експанзија а градбата на нови објекти интензивна, сепак производството ан стакло опаѓа во периодот од 1810 до 1851 година. Како конечна последица, с епојавиле и болести. Незадоволството растело, па во 1852 година, овој данок конечно е укинат.

light3

light4

 

Испрати коментар

Scroll To Top