Насловна / Архитектура / Зграда од песок која поттикнува еко-туризам

Зграда од песок која поттикнува еко-туризам

Во желбата да се создаде средина за градење на заедницата и да се негува екологијата во нивната околина, создаден е интересен проект со сводови од песок, кој ќе биде динамичен простор за неговите жители и за туристите што го посетуваат. Овој комплекс е од витално значење за Филипините, каде што ќе се наоѓа, архипелаг од 7.641 острови, од кои секој има свој посебен културен и природен идентитет.

pesok

Клиентот сакал да изгради фарма од 3,8 хектари на остров во провинцијата Кезон. Предлогот бил дополнително развиен со цел да се создаде нова одржлива типологија на еко-туризмот што ќе ја развие локалната култура на земјоделство и рибарство, но исто така и да претставува уникатен начин на градење, производство на храна, забава со динамичен простор за живеење и туризам.

pesok1

Како резултат на тоа, создаден е систем на хиперболични кластерски единици наречен Песочен кластер Cagbalete, кој поддржува се што е наведено. Овој објект е во голема мера инспириран од корали, со оглед на богатиот морски живот и биодиверзитетот на локацијата.

pesok2

Затоа, добиената структура е од мешана употреба. Се одликува со приватна резиденција на клиентот, ресторан, туристички резиденции и фарми кои се фокусираат на употреба на ендемични видови растенија и сезонско одгледување ракови од кал.

pesok3

Друга карактеристика на овој комплекс е што ќе се гради со мешање на локален песок со земја и кал и со тоа ќе се поддржи еко-конструкцијата со минимален отпад и природни материјали. Оваа зграда сигурно остава неверојатен впечаток и поставува нови граници во биофилната архитектура.

pesok4

Архитектите на проектот, исто така, вклучиле локални мрежи во проектот како еден вид мембрана што се меша со други материјали, што резултирало со нова и локализирана патина, биофилна мембрана која создава интересна трага во формата.

pesok5

Мрежите функционираат и како „превез“ над структурата, како воздушен слој што штити од сонце и дожд, но служат и како неформални места за попладневна дремка за жителите и туристите.

Исто така постои и велнес пештера со солена вода, заедно со кал и базени што ќе им овозможат на туристите сензационално искуство.

pesok6

Кога заоѓа сонцето, оваа зграда се претвора во оаза за мирен ноќен живот со галерии на повеќе нивоа, простории за собирање и специјални настани, сето тоа додека функционира како светилник за локалните бродови.

pesok7

Овој совршен еколошки проект комбинира самоодржлива конструкција каде електричната енергија се произведува од соларни панели, поставена како чадори, а просториите користат природна вентилација. Целта и на архитектот и на клиентот е да го зголемат еколошкиот свет, да го зачуваат островот, да ги замаглат границите меѓу природното и вештачкото во оваа структура, да го комбинираат туризмот, земјоделството и риболовот и сето тоа, додека на структурата и даваат поинаква намена за различни годишни времиња.

Песочните кластери на Cagbalete ја имаат освоено наградата на овогодинешниот World Architecture Festival awards, а проектот е и финалист во категоријата „Експериментално“ на Светскиот фестивал за архитектура, што ќе се одржи во декември 2021 година во Лисабон.

Архитекти на проектот се Carlo Calma Consultancy Inc.

pesok8

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top