Насловна / Арт и дизајн / Необична фотелја од пенеста гума

Необична фотелја од пенеста гума

Необична фотелја изработена од пенеста гума од италијанскиот производител на мебел Horm, која е направена со техника на компресија.

fotelja

Креативност, функционалност и уникатна форма – ова се карактеристиките на фотелјата која совршено искористила гума од пена со цел да создаде уште посовршено и во исто време функционално уметничко дело што може да го украси речиси секој ентериер. Обликувана е со врвните вештини на Horm за тапацирање на мебел, како и од иновативната технологија на Novacolor, која е специјализирана за уметнички третман на подови и ѕидови.

fotelja1

Оваа техника на компресија овозможила да се претвори пенеста гума во функционален објект кој ја добива својата соодветна положба за седење благодарение на тубуларната метална рамка прикачена на пената. Иако на прв поглед изгледа исклучително едноставно, оваа фотелја со зачудувачки и иновативен израз е всушност дело на сложен и целосно рачно изработен површински третман во форма на скулпторско уметничко дело. Токму поради оваа карактеристика, Mass Pressure е идеален за употреба во разни галерии и музеи.

Она што ја прави оваа фотелја навистина уникатна е начинот на кој пената е насликана со оксидираниот течен ефект на бакар и бетон, што резултира со исклучителен визуелен ефект без да се изгуби никаква мекост. На овој начин, секое парче е уникатно, односно сосема различно едно од друго.

Оваа оригинална фотелја претставува единствена идеја и совршено го одразува експерименталниот дух и безграничната фантазија на добро познатиот производител на ексклузивен мебел.

fotelja2

Испрати коментар

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>

Scroll To Top