Насловна / Вести / Земјите од Западен Балкан се мачат да го одржат производството во старите термоелектрани на јаглен

Земјите од Западен Балкан се мачат да го одржат производството во старите термоелектрани на јаглен

Државните електростопанства во регионот на Западен Балкан се соочуваат со високи трошоци на име увоз на електрична енергија и јаглен, што сериозно ги исцрпува средствата неопходни за инвестирање во енергетска транзиција, но и за одржување на постоечките капацитети. Тие исто така веќе трпат сериозни последици поради тоа што увезената електрична енергија ја продавале на своите потрошувачи по неколкукратно пониски цени од увозната.

tpp1

Електропривреда Србије (ЕПС) веќе узвезува јаглен од Босна и Херцеговина и од Црна Гора, а во последно време ги одложува и ги запира клучните инвестициони проекти поради недостаток на средства. Косовската енергетска корпорација (KEK),  најавува реконструкција на своите две термоцентрали на јаглен (Косово А и Косово Б), кои главно работат со значително пониска моќност поради технички проблеми. Притоа, реконструкциите ќе овозможат продолжување на животниот век на постројките и намалување на емисиите на прашина. Модернизацијата со цел исполнување на строгите еколошки стандарди во поглед на емисиите на азотни оксиди, сулфурен диоксид и прашина, е императив за сите термоелектрани во регионот. Албанија е комотна во тој поглед, бидејќи земјата нема ниту една електрана на јаглен. Босна и Херцеговина како извозник на електрична енергија оствари рекордни профити од продажбата на електрична енергија минатата кризна година, но Секретаријатот на Енергетската заедница предупредува поради фактот што го продолжува работењето на две термоелектрани на јаглен.

tpp2

Евидентно е дека субвенционирањето на старите производни капацитети на јаглен е неодржливо на долг рок, енергетската транзиција е неминовност, но за жал инвестирањето во капацитети на обновливи извори на енергија не ја следи зацртаната диманика, па енергетската сигурност на целиот регион е сериозно загрозена.

 

Испрати коментар

Scroll To Top